Проектот -електричен мотоцикл Triumph TE-1 конечно заврши

Triumph Motorcycles откри повеќе детали за својот проект TE-1, развиен заедно со Williams Advanced Engineering…

Според достапните информации, електричниот мотоцикл на купувачите ќе им понуди 175 КС и автономија од 161 километар. Автономијата на TE-1, барем според Triumph, носи автономија која е значително поголема од онаа што ја нудат сличните електрични модели на пазарот. Со моќност од 175 КС (130 kW), TE-1 забрзува од нула до 100 km/h за само 3,6 секунди.

Ова го прави рамноправен конкурент на премиум моделот на компанијата, Speed Triple 1200 RS, кој има 177,5 КС и 125 Nm максимален вртежен момент. Што се однесува до полнењето, на мотоциклот му требаат само 20 минути за да достигне 80% капацитет на батеријата. Со тежина од 220 килограми, компанијата тврди дека TE-1 е 20% полесен од неговите ривали.

„Исклучително сме горди што можеме да споделиме информации за проектот TE-1, кој на многу начини ги надмина нашите цели и очекувања“, изјави извршниот директор на британскиот производител, Ник Блур (Nick Bloor).

„Задоволни сме од постигнатото со нашите партнери и придонесот што Triumph ќе го даде во електричната иднина. „Williams Advanced Engineering е среќен што е дел од овој проект“, рече Дир Ардаш (Dyrr Ardash), претставник на компанијата.

„Од 2018 година сите партнери работат заедно на поставување нови стандарди преку иновации и посветеност. Воодушевени сме што добивме позитивни повратни информации, што само потврдува дека динамиката на велосипедот е во склад со ДНК на британскиот производител“.

И покрај возбудливите вести, сепак TE-1 се уште е далеку од сериско производство. Дури и повеќе, постои многу поголема можност електричниот мотоцикл  никогаш да не го достигне тоа ниво, туку да остане само како прототип за да ги инспирира другите модели на британската позната марка мотоцикли во блиска иднина.

Како и да е одговор на тоа прашање ќе даде само неминовниот судија – времето.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ducati Scrambler

Custom Ducati вреден половина милион долари!

MyMover – уникатен скутер на Piaggio достапен само на пазарот во земјата на Изгрејсонцето

MV Agusta F3, Turismo Veloce и Dragster со RC третман

Aprilia  Tuareg 660 доби издувен систем од  Akrapovič

Крај за Suzuki GSX-R1000

Kawasaki вгодина ја проширува линијата KLR650

Alrendo електричен мотоцикл од Кина со фантастична автономија

TVS Motor Company ќе лансира сосема нов крузер мотоцикл.