Произведен 10 милионити Mini

Во годината кога Mini слави 60-годии од лансирањето на оригиналот, компанијата го проиизведе и својот 10 милионити модел наречен Mini 60 Years Anniversary Edition

Токму така – јубилејниот и славенички модел е именуван  Mini 60 Years Anniversary Edition, а претставен беше на настан во производниот објект на фирмата во Оксфорд, каде Mini собра 60 сопственици на 60 автомобили, по еден од секоја година на производство.

Јубилејниот 10- милионити модел доаѓа во изведба со три врати, со зелена боја, црни ленти за хаубата, LED светла и уникатни 17-инчни алуминиумски фелни во два тона на бои.

Под хаубата на ова специјално издание се наоѓа мотор од Cooper S, со работен волумен од  2,0-литри, со четири цилиндри со моќ од  190 КЅ.

На овој модел му се придружи и првиот изграден Mini познат како 621 AOK, во фабриката во Оксфорд.

Автомобилот е изграден во далечната 1959 година и дизајниран од сер  Алек Ајсигонис ( sir Alec Issigonis) или поточно Александер Арнолд  Константин Ајсигонис  (Alexander Arnold Constantine Issigonis_.

Наместо да се продава, специјалното издание Mini 60 Years Anniversary Edition ќе се приклучи на флотата на наследството на BMW.

Инаку во бројката од 10 милиони произведени примероци на Mini треба да се потенцира дека од првата генерација на оригиналнaта верзија, креирана од сер Алек  и која се произведувала до 2000 година, „отпѓат“ околу  5,3 милиони примероци.

Денес во погоните на фабриката во Оксфорд, дневно, се произведуваат по околу 1000 примероци на Mini.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan создал приспивна псна за деца што добро спијат само во автомобил!

Колкав период од животот европските возачи „губат“ барајќи паркинг!

Pagani Huayra во ексклузивно Imola издание вредно 5 милиони евра

Видео реклама: Новиот Land Rover Defender во новиот филм за Џејмс Бонд

Glickenhaus 007- Тркачки еспрес

Најавен хипер автомобил – Czinger 21C на Palexpo 2020

Lotus Elise посебна едиција за Австралија

Електричниот ѕвер Pininfarina Battista почна со тестови на тркачка патека

Apex Motor со нов „спортист“ на Palexpo 2020!