Произведен 15.000-oт Lamborghini Urus

Од Lamborghini објавија дека од производните ленти на на супер спортски автомобили од Санта Агата Болоњезе слегол јубилејниот  15 000-ти0 примерок на SUV моделот Urus….

Овој примерок има Grigio Keres Matt надворешен изглед со акценти Verde Scandal, како и двобоен ентериер во комбинација Nero Ade/Verde Scandal. Urus се напојува со 4,0-литарски V8 biturbo мотор со  моќност од 478 kW / 650 ks и 850 Nm вртежен момент (има и систем за деактивирање на цилиндар за да се намали потрошувачката на гориво), поврзан со осумстепен автоматски систем, Active Torque Vectoring и -погон на сите четири тркала. Според фабричките податоци, Urus забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,6 секунди до 200 км/ч за 12,8 секунди, додека крајната брзина изнесува 305 км/ч.

Од Lamborghini неодамна објавиja и дека во првата половина на тековната 2021 година забележа 37 проценти поголема продажба во споредба со истиот период во минатата 2020 година (што патем речено беше проследена со затворањата и прекините на производство и испорака поради „затварањата“ предизвикани од пандемијата на ковид 19 вирусите).

Поточно, во првите шест месеци од оваа 2021 година, lamborghini продаде 4852 возила ширум светот, што е нивниот најдобар полугодишен резултат досега.

Тоа е исто така 6,6 проценти повеќе отколку во првата половина на 2019 година, одноно во ерата на пред пандемијата.

Најпродаван модел е Urus, со 2.796 единици (35% раст), следен од Huracan со 1.532 единици (+ 46%) и Aventador со 524 единици (+ 21%).

„Курсот на ЛLamborghini е поставен за период на голема трансформација, каде што технолошките иновации и одржливост ќе одат рака под рака, со фокус на максималните перформанси на производите и лојалноста кон брендот“, рече претседателот и извршен директор Стефан Винкелман (Stephan Winkelmann), додавајќи при тоа дека Компанијата ќе „инвестира повеќе од 1, 5 милијарди евра (1,77 милијарди американски долари) до 2024 година во „идната електрификација на понудата на марката“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Замената за Chevrolet Camaro ќе биде електрична лимузина

Електричен Citroen DS

Bentley Bentayga со фелни од карбонки влакна

Убавицата и Peugeot  208

LA Renault 5 Turbo 3 рестомод- Експлозија на 400 „грла“ во класично руво

Lamborghini 63 луксузна јахта/глисер со 4000 KС и топ брзина 111км/ч

Купувачите на новата Toyota Land Cruiser од Јапонија не можат да ја препродаваат година дена

Тркачки Audi RS Q E-Tron најавен за Dakar Rally 2022

Alpha Superwolf