Произведен последната VW Beetle!

„Бубата“ по втор пат замнува во легенда- Volkswagen го произведе последниот примерок од Beetle во Мексико, со што го испрати моделот во историја…

По речиси 80 години, долгиот пат полн со премрежија но и богата успешна кариера, моделот доаѓа до крај на своето патување и легендарната Буба (Beetle) конечно заминува во заслужена „пензија„.

Од VW уште лани го најави крајот на својот популарен модел, а сега, последниот примерок од Буба ја напушти прозиводната лента на погонот во Мексико.

Потсетуваме во 1938 година, Volkswagen за прв пат го претстави „народниот автомобил“ што требаше да ја мобилизира тогашна Германија – Оригиналната Буба, што веднаш беше одлично прифатен од купувачите.

Три децении подоцна, малиот привлечен и практичен автомобил стана симбол на шеесеттите, носејќи го слоганот „малото е убаво“, а кон  крајот на 1970-тите, брендот го заврши производството на оригиналната Буба.

Од 1998 година легендата се враќа под името Новата Буба (New Beetle) и претставуаваше визуелна ретроспектива на оригиналниот модел, но сепак суштински беше поблиску до Golf.

Последната варијација на иконскиот модел беше претставена во 2011 година, но продажбата сепак продолжи да се намалува, па со тираж од  43.000 продадени примероци во 2014 година, во 2017  продажбата се спушти на само 15.000 единици што беше клучен фактор во одлуката на Volkswagen да го згасне моделот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Cupra Concept подготвена за Салонот во Франкфурт

Се враќа „монструмот“ Saleen 7 и пристигаат и два новитета!

Во Италија испитуваат со нова максимална брзина на автопат 150 km/h

И Toyota со Rover -концепт возило за освојување на нови планети!

Погонскиот мотор на Porsche за Formula Е

Новиот BMW X6 M пристигнува 2020

C8 Corvette – 2020 дебитира под името Stingray!?

Слеп механичар со полн гас возел низ пустина!

Најбрза куќа- колиба на тркала!