Производители на гуми што подобро да не се ваш избор

Купувањето нови гуми е голем трошок за многу сопственици на автомобили, па затоа замена се одложува до крајниот момент ( до максимална експлоатација на пневматиците), а потоа се бара поевтина алтернатива. Односно ценовно најприфатлив сет на нови гуми…

Сепак, експертите се согласуваат дека на автомобилските гуми не треба да се штедат.

Дури и најдобрите спортски автомобили на гуми со низок квалитет стануваат целосно неупотребливи.

А нема потреба да се говори колку е важна квалитетна гума за безбедноста.

Имено, единствениот контакт на автомобилот со земјата е, е со површината во големина еквивалентна на четири разгледници.

Залудна е врвна суспензија, систем за управување и сопирачки, доколку гумата не нуди управување и соодветно пренесување на силата до земјата.

При изборот на гуми, треба да се фокусирате на реномирани производители на гуми, како што се: Michelin, Goodyear, Continental, Pirelli, Dunlop, Bridgestone, Toyo, Kleber, Kumho, Yokohama и други.

Во широк лак, треба да се заобиколат не проверените брендови што доаѓаат од Кина.

Ова е особено точно за производителите: Geostar, AKS, Westlake, Compass и Telluride, кои честопати беа принудувани да ги повлекуваат своите производи од продажба, бидејќи истрагите покажаа дека тие не нудат основни безбедносни барања и имаат загрижувачки слаби контроли на квалитетот во производството.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volkswagen поаѓа во нова електрична офанзива со три SUV модели на струја

Изметот од птици може многу да им наштети на автомобилите

VW ID. 4 отповик поради неочекувано отворање на вратите

Автомобили со мала потрошувачка на гориво

Поплавени над 200.000 автомобили, купувачите би можеле да бидат измамени

Поради конструкциска грешка отпаѓаат делови од Tesla Model 3!

Есенско возење – подгответе се за сезоната на дождови

Миење на моторот може да донесе повеќе штета одошто корист

Peugeot 108 и Citroen C1 веќе не се произведуваат