Производителите на автомобили бараат од ЕУ одложување на строгите еколошки регулативи

Автомобилски компании од земјите-членки на Вишеградската алијанса ја повикаа Европската унија да одложи некои регулаторни услови, кои стапија на сила оваа година, за најмалку половина година, или за една цела година …

Тоа се однесува пред се на новиот стандард за емисија на ЕУ 6 / IV, регулативите за хомологизција на возилото и ограничувањата на СО2. Причините за оваа иницијатива се последиците од влијанието на епидемијата на корона вирусот врз автомобилската индустрија. Повикот го потпишаа претседателите на заедничкото здружение за автомобилската индустрија на Чешка, Словачка, Полска и Унгарија.

.

 

Да потсетиме дека автомобилите на марките Hyundai, Toyota, Peugeot и Citroen се произведуваат во Чешка, Volkswagen, Kia, PSA, Jaguar се произведуваат во Словачка, Daimler, Suzuki, Audi и Opel се произведуваат во Унгарија, а автомобилите Fiat Opel, Toyota и Volkswagen, се произведуваат во фабриките во Полска.

Според  тврдењата на тие производители, анализата на влијанието на пандемијата врз развојот и производството на автомобили покажа дека најголем предизвик е исполнување на регулаторните барања.

Покрај постепеното отворање на пазарот, на компаниите за автомобили треба да им се обезбеди финансиска помош преку фондовите на ЕУ и националните буџети, со цел производителите да преживеат економски. Целта на овие мерки треба да биде поддршка на ликвидноста на компаниите и зачувување работни места во наредните месеци од оваа година.

Со оглед на драматичниот пад на продажбата, почетокот на побарувачката за нови возила во сите сегменти е клучна точка за закрепнување. Според водечките луѓе од горенаведеното здружение, потребни се програми за поддршка на обновување на возниот парк и потребно е да се корегираат програмите за отстранување на отпадот, кои треба да бидат координирани на европско ниво, за да не дојде до прелевање на емисиите во текот на изместувањето на старите и „ истрошени” возила помеѓу земјите-членки.

Европската автомобилска индустрија учествува со 7% во бруто домашниот производ на Европската унија и директно и индиректно вработува 13,8 милиони луѓе. Последиците од пандемијата на вирусот корона се драматични, а падот на производството на автомобили влијае на околу 1,1 милиони вработени во Европа.

Поради престанок или намалување на производството, производителите на автомобили не произведоа 2,3 милиони возила, што е 15% од вкупното годишно производство. Во земјите на Вишеградската група, 650.000 луѓе се директно вработени во автомобилската индустрија.

Производството од земјите од Централна Европа учествува со скоро една петтина од производството на возила во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW го загуби клучниот спор во аферата Dieselgate

Женева 2021 под знак на прашалник!

Renault затвора четири фабрики во Франција!?

Во Dacia подготвуваат нов SUV со седум седишта

Цените на горивата во државава повторно растат

Volkswagen: Golf, Polo и Passat ќe исчезнат од „најнапредните пазари “

Kia со мини електричен автомобил ривал на Citroen Ami!

VW ќе ги продава возилата од електричното I.D. семејство само преку Интернет

Добри вести од Hyundai од 25 мај почнува производство на обновениот i30