Производната верзија на Lucid Air на салнот во Њујорк

Производителот на електрични автомобили од САД,  Lucid Motors најави дека сериската верзија на електричниот модел Air ќе има светска премиера за некој месец, на салонот за автомобили во „Големото јаболко“, а ние со нетрпение го очекувме…

Станува збор за луксузен седан на струја што ќе биде понуден во две верзии едната базна, со еден електромотор моќен 395KS и 600 Nm максимален момент на вртење, со погоон на тркалата од задната оска, со батерија со апацитет од 75 kWh и со автономија на возење со едно полнее на батеријата од 386 km.

Втората е топ варијанта со два елетромотора, по еден на секоја од оските, а следствено на тоа и погон на сите четири тркала (4×4) со моќ од  1.000KS, батерија со капацитет од 130 kWh и со автономија на возење, со едно полнење од 644 km.

Посилната верзија на тест возењата постигувала масимална брзина од 378 km/h, а повеќе детали веќе следат.

Седан автомобилот Lucid Air стандардно има пет седишта (како опција и со две индивидуални седишта), a тука се и воздушните потпирња и систем на автономно возење.

Во моментов Lucid Motors тестир со 80 прототип возила на патиштата низ Калифорнија, а пак проиводството на сериската верзија на електричниот седан би требало да почне кон крајот на тековната 2020 година во погоните на нивната фабрика во Аризона.

Кога, пак, станува збор за цената, основната верзија во САД ќе чини 52.500 американски доалри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Poletar го покажа возачкиот простор од иднината

Спортски Peugeot 508 co Hybrid погон до крајот на 2020

Volkswagen Touareg R со plug-in hybrid систем

Официјално претставена DS9 – Француска преиум лимузина создадена да успее!

Електричен Fiat 500e без маска

Новиот Volkswagen Caddy новиот крал кај возилата за дотур!

Cupra Leon, шпанската икона станува plug-in hibrid!

Ултимативна Honda Civic Type R со Sport Line и Civic Limited Edition

Peugeot го лансира својот прaктичен работник – pick up модел Landtrek