Производството на автомобили во Русија заживува побрзо одошто во ЕУ

Производството на возила во Русија се зголемило за дури 21 отсто во првите девет месеци од оваа 2021 година во однос на истиот период минатата 2020-та…

Во исто време производството на автомобили во ЕУ порасна за скромни 3,1 отсто, пренесуваат агенциите. Иако Русија како автомобилска сила не е на врвот на светската листа и има пазар на кој странските компании немаат голем интерес, реалноста е нешто поинаква.

Со произведени 1,8 милиони возила, руската автомобилска индустрија е 13-та во светот и вработува повеќе од 600.000 работници, што е еден процент од целата работна сила на големата руска економија.

Речиси сите поголеми автомобилски компании во светот имаат производствени капацитети во Русија, вклучително и Renault, кој ги вклучува најголемиот домашен производител АвтоВАЗ, Групацијата Volkswagen, KIA, Hyundai, Toyota, Mercedes, Ford, General Motors…

По минатогодишното забавување поради пандемијата на корона вирус, новите податоци пренесени од RusAuto News покажуваат дека производството на возила во Русија се зголемило за една петтина во првите девет месеци од 2021 година во споредба со истиот период минатата 2020 година и се опоравува многу побрзо од производството на автомобили на територијата на ЕУ.

Колку пандемијата, а потоа и недостигот на чипови, ги погоди европските производители, покажува податокот дека досега во 2021 година во ЕУ се произведени 7,6 милиони возила, што е за три милиони возила помалку отколку во исто време во 2019 година.

И продажбата во Русија оди добро. Некои модели чекаат да бидат испорачани дo клиентите.

Звучи интересно што целото годишно производство на најскапиот руски автомобил беше распродадено за само неколку дена.

Секако погодувате како станува збор за моделот Senat на новиот бренд Aurus, чие производство започна во мај годинава.

Во почетокот на октомври, првите примероци пристигнаа во московскиот салон за да бидат понудени на јавноста.

Наскоро, од управата на производителот – Aurus испратија соопштение до јавноста дека се продадени сите 350 примероци што ќе бидат произведени оваа година.

Поради тоа веќе го отворија списокот со нарачки за следната година.

Тука ќе кажеме дека станува збор за скап луксузен автомобил кој чини околу 24 милиони руски рубљи, односно околу 290.000 евра, изразено во валутата на Европската унија.

Инаку,  како мало потсетување ќе спомнеме дека компанијата Aurus Motors е нов руски бренд за луксузни автомобили, чиј прв модел Senat, во продолжената верзија е официјална државна лимузина на рускиот претседател Владимир Путин.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои половни автомобили се најпопуларни на Стариот континент

Салонот во Детроит во Септември, а во Париз во Октомври годинава

Honda Civic Автомобил на годината во Северна Америка за 2022

Од 2030 година Mercedes нема да нуди каравани

SsangYong доби нов сопственик

Peugeot и дефинитивно се откажува од враќање на пазарот во САД

Непрофитабилните марки во Stellantis немаат светла иднина!

Кои половни автомобили се најдоверливи- по класи

И Bentley со рекордна година