Project Maybach прв off road концепт на луксузната марка

Возилото е во чест на неодамна починатиот дизајнер на Louis Vuittona и Mercedes, Вирџил Аблох, и прикажува низа луксузни дизајнерски опции кои би можеле да ги красат возилата на иднината…

Брендот што сега е целосно под капата на Mercedes-Benz кој неминовно се поврзува со луксуз и раскош, Maybach, неодамна загуби значаен соработник во областа на дизајнот.

Вирџил Аблох (Virgil Abloh) работеше за Louis Vuitton а за Mercedes Benz го создаде Project Maybach, визија што го толкува потписот на Mercedes-Маybach на нов дизајнерски јазик и ги поместува границите на функционалноста, стилот и креативноста.

Сега, по неговата смрт, компанијата го објави овој концепт со две седишта  двосед на Maybach, off road coupe возило кое се истакнува со својата необична линија, со каросерија долга речиси 6 метри и препознатливите детали со потписот на марката.

Project Maybach е дизајниран како целосно електрично возило за возење надвор од патот, и затоа има огромни тркала за терен, структура за заштита од превртување и заштитна плоча на шасијата.

Секој детал од овој концепт е направен „од нула“, велат од Mercedes. Невообичаени кружни LED светла се издвојуваат и напред и назад, страничната линија е невидена досега, а карактерот на теренот е истакнат со боја, инспириран од тонови на земја (тлото), како и двобојна верзија со црни детали.

Големата предна хауба (што не е во класична смисла, бидејќи е електрично возило) е покриена со соларни панели.

Внатрешноста е рудиментирана и типична за SUV, со прегради за алат или други потреби за престој во дивината

Тие не ги откриваат техничките детали од Mercedes, туку само наведуваат дека се останато е достапно на барање – веројатно, ако некои ултра богати заинтересирани клиенти ги контактираат, постои шанса всушност да се произведува Project Maybach, се подразбира во ултра лимитирана серија на примероци

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отповик на Chiron Pur Sport поради проблеми со гумите

Niutron NV

Porsche прв ЕV што совладал висинска разлика од 4.842.967 метри

Noble M500

Hennessey  Venom F5. со ергеле моќно 1.817 КС

Bugatti го претстави својот ромобил Bytech

Жената Астронаут од проектот SpaceX место Tesle избра друг EV

Tesla Model S поминал 1,5 милиони километри!

Редок класичен Chevrolet Corvette