Промотивна кампања на Volvo Cars, пристигнува и новиот S60!

Со почетокот на месец Октомври, пријатно изненадување од Volvo Cars Македонија со промотивни цени и со  промоција на новата лимузина на Швеѓаните што пристигна на нашиот пазар!

Официјалниот застапник на Volvo Cars за Македонија, Premium AGS, најави кампања со промотивни цени за сите автомобили на лагер.

За сите оние кои се заинтересирани да зачекорат во светот на Volvo, Октомври е вистинскиот месец да го сторат тоа.

Бенефициите се однесуваат за сите модели на Volvo кои во моментов се изложени во салонот на Volvo Cars во Скопје, а тоа ги вклучува V40, XC40, XC60, XC90, како и V60 и S90.

Промоцијата доаѓа откако изминатиот месец, Volvo започна со промоција и на новиот начин на финансирање: Volvo Car Финансирање со фиксна каматна стапка од 4,5% и отплата до 84 рати (во соработка со S-Leasing).

Од Premium AGS најавија уште два важни настани кои се планирани во текот на оваа кампања, а тоа е домашната премиера на новиот Volvo S60 – модел кој конечно пристигна во Македонија (и тоа во R-Design изведба), како и специјален настан за сите заинтересирани за запознавање со моделите на Volvo – Отворен ден во салонот во Скопје кој ќе се одржи кон средината на Октомври.

Поканата за посета на новиот салон на Volvo Cars во Скопје е отворена за сите, така што Ве охрабруваме да го посетите новиот дом на овој шведски бренд и да направите тест возење на моделот за кој сте заинтересирани.

Закажете тест возење на:

: https://www.volvocars.com/mk/test-drive

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Романија, Бугарија и Србија повторно во трка да го привлечат VW

Освежен Volkswagen Passat -Best company car во 2019

Hyundai во нови технологии инвестира 35 милијарди долари

Од PЅА потврдија Peugeot Expert и Citroën Jumpy на струја!

Bentley го потврди стартот на производството на Flying Spur

Mitsubishi Motors го засилува темпото во Европа

Во 20204 VW со ЕV поевтино од 20 илјади евра!

Предупредување: ЕУ воведува посебни давачки за SUV модели!!!

Воениот напад на Турција ја запре одлуката на VW таму да гради фабрика