Промовиран Volkswagen ID. Aero concept

Во 2018 година, Volkswagen ја покажа својата електрична креација ID. Vizzion Concept, за кој во меѓувреме е потврдено дека ќе добие своја сериска верзија…

Volkswagen на почетокот на годинава веќе објави дека продажбата на серискиот модел ќе стартува следната година, а сега како најава е прикажано ново концепт издание, наречено ID. Аеro concept.

Возилото се карактеризира, меѓу другото, со тркала од 22 инчи, предни LED матрикс светла и коефициент на отпорност на воздух од 0,23.

ID. Aero ќе биде изграден на MEB платформата на Volkswagen за електрични возила, со автономија со батерии од 77 kWh од 620 km.

Иако ова се уште не е официјално потврдено, во понудата најверојатно ќе има основна верзија со погон на задните тркала и еден електричен мотор, како и помоќна варијанта со два електромотори и погон на сите тркала.

Дополнително, се најавува модерен, простран и променлив ентериер (тука треба да се напомене дека VW сè уште нема објавено слики од ID. Aero концепт).

Сериски Volkswagen ID. Aero прво ќе се продава во Кина од втората половина на наредната 2023 година, но во истата година ќе пристигне и варијанта за Европа и Северна Америка.

Точниот датум на оваа последна верзија сè уште не е објавен, но познато е дека овој ривал на Model 3 на Tesla ќе се произведува во фабриката на Volkswagen во Емден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигна новиот Citroën C5 X

Chery претстави пет модели под брендот Kaiyi

Mini Aceman Concept

Најавен MG 7

Обновени Fiat Cronos и Fiat Argo

Во “Sphere” новиот Peugeot 408 ги привлекува сите погледи…

Geely Binyue Cool

Нов Nissan X-Trail

Toyota Yaris Cross GR Sport