Промовирани BMW X5 M и X6 M Competition First Edition

Од BMW ги претставија First Edition варијантите на X5 M Competition и X6 M Competition со тоа што производството на двете верзии е ограничено на 250 единици…

Иако праксата е производителите да лансираат First Edition варијанти во моментите кога лансираат нов модел на пазарот, актуелните X5 M Competition и X6 M Competition беа лансирани пред речиси една година  и наспроти „праксата“  BMW направи некои суптилни промени за да ги разликува First Edition моделите во споредба со послабите варијанти.

За почеток, моќниот пар се нуди во BMW Individual Frozen Dark Silver боја и BMW Individual Frozen Marina Bay Blue боја, два мат финиши кои перфектно го нагласуваат мускулестиот финиш на двата SUV модели. Во пакет доаѓаат и M лесните тркала од алуминиумска легура финиширани во Jet Black со големина од 21 напред, односно 22 инчи на задната страна.

Перформанс дивизијата на Баварците исто така ги „стокми“ X5 M Competition и X6 M Competition First Edition моделите со голем број карбонски делови, како и куќиштата за ретровизорите и задниот спојлер, заедно со M карбонск хауба на моторот  што е стандардна.

Во кабината е  изобилство на луксуз така што во First Edition моделите  купувачите добиваат BMW Individual Merino целосно кожен трим во ексклузивна двобојна конфигурација од Silverstone и Midnight Blue. Тука се и инсертите од црна Алкантара на седиштата, како и контрастниte Sakhir Orange шевови низ седиштата и панелите на вратите.

BMW Individual прекривката за покривот во Алкантара и финиширана во Midnight Blue дава свој удел во уникатниот изглед на овие ограничени модели. Сето тоа е „зачинето“, се големиот број акценти во карбон и First Eidition 1/250 натпис.

Во однос на механичките елементи модификации не се направени, а BMW нема соопштено детали за цените, ниту пак на кои пазари ќе бидат пласирани X5 M Competition и X6 M Competition First Edition.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Nissan Note и официјално дебитира

Volkswagen ID.5 само за Европа

Во Кина дебитираше освежениот Jeep Compass

Nissan Note дебитира утре

Kia Sorento Yosemite Edition и  Sorento Zion Edition

Уловена Kia Sportage 2022

BYD D1

Пристигнува електричен VW I.D. Vizzion concept

Elation Freedom супер спортист на струја