Prophecy concept прв резултат на соработата на Hyundai и Rimac дебитира во Женева 2020

За предстјниот салон за автомобили, наредниот месец, во Женева, покрај новата генерација на автомобилот од В сегментот  i20 и подновениот i30, од Hyundai подготвија и светска премиера на своето ново концепт возило што вруваме ќе привлече огромен интерес кај посетителите и автомобилсата јавност…

Станува збор за Prophecy concept кај кој би требало да биде применета дизајнерската филозофија на Hyundai, наречена – Sensuous Sportiness (спортска сензитивност во некоја слободна транскрипција на нашиот маедонски јазик).

Од Hyundai, во овој момент, не соопштуваат конкретни детали освен дека станува збор за потполно елетрично возило (концепт).

Тоа е првиот концепт што произлегува од соработката на Корејскот автомобилски гигант со хрватската компанија Raimac Automobili – производител на хипер спортси електрични автомобили.

Во исото соопштение издадено од канцеларијата за соработка со медиумите на Hyundai е неведено и дека Prophecy concept ја потенцира вонвременската убавина што би требало да го „издржи“ тестот на времето.

Името Prophecy (Прорекување- предвидување ) ја одразува целта на овој концепт, да предвиди и дефинира во која насока ќе се движи идниот дизан на Hyundai.

Премирата на концепто е закажана за првиот новинарски ден, поточно за трети март тековната 2020 година, во Женева, па повеќе детали за истиот очекуваме од лице место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баварците ќе ги задржат бубрезите на маската на моделите и во електричната ера

Европа наопаку, а Русите правилно!?!?

Се продава Jaguar XK120 Roadster што бил сопственост на Клерк Гебел

Mercedes-Benz слави 120 години на постоење

Претставен новиот Fiat Strada

Киев размислува за забрана на користење на приватни возила

Audi пронајде начин да помогне да се прекрати времето во карантин

И Hyundai го менува логото, а Mercedes ja намали ѕвездата

Електричниот Fisker Ocean ќе има и воена и верзија за спасување