Протекоа фотографии на новиот Benelli BN600i

На интернет порталите се појавија фотки што наводно го прикажуваат BN600i моделот на компанијата Benelli…

Новиот мотоцикл јасно ги открива промените во естетиката, додека останатите компоненти делуваат непроменето.

Ако појдеме од предниот дел, „новата“ машина има фар што по изгледот се разликува од актуелниот тип, што веќе подолго време е на пазарот. Се чини дека е променет и резервоарот а гориво.

Придушувачите на звукот на издувниот систем не се веќе поставени под седиштето, туку се спуштени под агрегатот. Таквото решение  можеби дало свој придонес кон зголемување на масата, на благодарение на тоа центарот на масата е уште повеќе централизиран.

Со ре лоцирани придушувачи, задниот дел делува поубаво „среден“.

Според непотврдените зборувања, мотоциклот би требало да добие нов TFT екран, но тоа се уште не е со сигурност потврдено.

На инструменталната табла на актуелниот модел се уште се поставени аналогни покажувачи на вртежи и  LCD екран.

Се чини дека и агрегатот со четири цилиндри во еден ред останал непроменет, иако повеќе информации за се следува во периодот пред нас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Moto Guzzi со нови модели го слави 100-от роденден

Ducati го произведе 350.000-от Monster

EICMA ги објави датумите за 2021 година

Претставена MV Agusta Superveloce Alpine – во лимитирана серија

BMW електричен концепт со странична приколка

SYM EF3 претстави електричен скутер

Нова заедничка креација на Ducati и Lamborghini – Diavel 1260

Новиот BMW S1000R

BMW Motorrad Definition CE 04