Протекоа први фотки на Yamaha YZF-R

Знаеме дека Yamaha подготвува нова верзија на мотоциклот МТ-07, а исто така знаеме дека оваа машина со оклоп и паралелен twin мотор ќе се вика YZF-R7.

Врз основа на последниот тизер, знаеме и дека премиерата на новиот модел ќе биде денес. Но, ако сте желни да дознаете како ќе изгледа новиот Јапонец, холандската страница Nieuwsmotor.nl, носи фотографии од овој модел, кои наводно протекоа на веб-страницата на северноамериканскиот огранок на Yamaha

Гледаме дека Yamaha го ажурираше предниот дел на R7, кој сега има превртени вилушки. Тоа е добредојдена промена од малку поскапата суспензија на МТ-07.

Колку суспензијата ќе биде прилагодлива, останува да видиме, но ова е добар почеток кога станува збор за динамиката на шасијата.

На фотографиите, гледаме поцврста рамка, која се чини поголема на задниот дел на агрегатот и задната вилушка. Стилот црпи инспирација од R6, што е само по себе подобрена верзија на сегашната генерација R1. Ова решение ќе им се допадне на љубителите на мотоциклите, бидејќи беше исклучително привлечно за R1 / R6.

Централно поставениот фар не може да биде најатрактивниот елемент за дизајн, но не е „прст“ во око, одноно не делува нападно.

Сопирачките и тркалата се земенит директно од MT-07, исто како и издубниот систем.

Ќе биде интересно да се види дали и во колкава мерка, Yamaha го ажурираше електронскиот пакет за да го направи мотоциклот што е можно поконкурентен со модели како Aprilia RS 660“ или дали компанијата се одлучи за малку поекономично решение.

Како што веќе рековме, утре е премиерата на новиот модел, така што нема да чекаме долго за дополнителни информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

KTM RC 8C распродаден за пет минути!

Yamaha карбон неутрална до 2050

BMW CE 04 нова страница во урбаната мобилност на иднината на две тркала

BMW планира A2 верзија на R18

BMW S 1000 RR во специјално издание Isle of Man

KTM 450 Rally Factory Replica

Lancia освојува со електричен скутер!

Suzuki подготвува ривл на Yamaha R7

MV Agusta подготвена за епски подвиг и влез во „Гинисовата книга на рекорди“