Протекоа први фотографии од внатрешноста на новата Mercedes S Class

Знаменосецот во флотата на производителот не премиум автомобили од Штутгарт очигледно потклекнува на трендот на дигитализацијата што полека, чекор по чекор се наметнува во автомобилската индустрија…

Дури и денес кога многумина го оспоруваат Audi и одлуката на нивните инженери и конструктори за масовна примена на дигиталните екрани.

На некому му пречи тоа што не е пригодно за употреба додека возите, а на други што лесно остануваат отпечатоци од прстите на екраните.

Но по се изгледа и најголемиот ривал од Штутгарт (Stuttgart) оди по стапките на Audi.

Нагаѓањата очигледно се покажуваат како точни, a на пространствата на специјализираните интернет портали се појави „шпионска“ фотографија на внатрешноста, на, се претпоставува, потполно новата генерација на S-Сlasѕ (W223).

На средишниот дел доминира огромен дисплеј кој, веќе можеме да претпоставиме, на многумина тврдокорни поклоници во автомобилската класика, нема да им се бендиса.

Како и да е, таа фотографија изгледа по прилично уверливо, a истото можеме да очекуваме и со појавувањето на новата генерација на C-Class како и кај останатите модели што допрва ќе пристигнуваат од Mercedes, во текот на 2021/2022… година

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Lexus IS ситно брои до глобалната премиера на новата гeнерација

10-те најпопуларни автомобили во Германија

Porsche Behind the scenes: Ново доживување за сопствениците на возил од  брендов

Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари

Електричен Hercules Alpha

BMW M2 (2021): нов ултра-спортски дериват на баварскиот компактен тркач

Murray T.50 со премиера во Август

Видео: Ken Block дрифтува во монструмот со шест тркала на Ford

Nissan се враќа на голема врата со дузина нови модели!