Протекоа слики на новиот Sandero и одвнатре!

Само неколку дена по објавувањето на првите официјални фотографии од новата генерација на Sandero, пристигнува шпионска фотографија од досега мистериозната внатрешност на идната генерација на кај нас и во регионот популарниот  модел на Dacia….

Еволуцијата во изгледот што пристигна кога се зборуваше за надворешниот дизајн на новиот Sanderо  пријатно нè изненади  и тоа многу, но приказната за ентериерот е веќе сосема друга работа.

Очигледно, Renault не сакаше Sandero да ја загрози продажбата на Clio на кој било начин, така што кабината во нискобуџетниот модел е во согласност со тој епитет.

Кабината во новиот Sanderо е монотона, но повторно е подобрување во однос на сегашниот модел. Наместо рудиментарен изглед, сега има малку порафиниран изглед.

Најголемата промена е секако екранот на допир, малку незгодно поставен на врвот на централната конзола, без никаква желба за подобра интеграција во ентериерот.

Отворите за вентилација за клима уредот повеќе не се тркалезни, тие сега имаат поинаков изглед, малку поелегантен од порано. Останува да видиме какви материјали ќе се користат во кабината.

Daciа најави подобра завршница, а во тоа ќе бидеме убедени на 29 септември, кога ќе се случи официјалното деби на новата генерација на Sanderо, како и на моделот Logan.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi Q5 Sportback без маска

Новата Fabia пристигнува вгодина

Ford ја претстави Puma ST- перформанс crossover „жешка ѕверка“

Подновениот Range Rover Velar и со plug-in hybrid верзија

Peugeot 508 PSE официјално претставен

И официјалнјо претставен електричниот VW ID. 4

Новиот Renault Megane Conquest – Хибриден SUV Coupe за Стариот континент

Нови камиони на сребрената ѕвезда  Actros F и Edition2

VW со големи планови за ID.4