Прв custom BMW R nineT со „Руска душа“

Мотоциклот BMW R nineT израсна во симбол „heritage’s “ линија на производителот од Минхен, a голем број на сопственици на таа прекрасна креација на две тркала ширум светот и дале свој единствен допир – личен здив…

Една креација посебно привлекува внимание, a за квалитетот на изработката доволно говори фактот дека станува збор за победникот на AMD светскиот шампионат во изработка на мотоцикли по мерка.

Оваа извонредна креација околу која ја плетеме оваа информација е дело на Zillers Garage, работилница од Русија.

Човекот што ја замислил креацијата – Димитриј Голупчиков, сакал во својата креација да внесе елементи од светот на аеронаутиката, односно од воздухопловите.

И во таа своја желба во голема мерка успеал, a конечната верзија воопшто не разочарала, туку спротивно…

Мотоциклот се базира врз моделот на Баварците BMW R nineT од 2016 година, a на него се е скроено по мерка, освен агрегатот и некои делови на рамката.

Се во се`, Zillers Garage речиси 10 месеци работела на ова вистинско ремек-дело со каросерија од алуминиум што во едно успешно комбинира современ и ретро стил.

Лично Димитриј вели дека долго време размислувал за линиите на неговата креација.

Тука ќе го наведеме и функционалниот „кокпит“, со Motogadget Motoscope мини покажувачот на брзини, a посебно се водело сметка се да биде во согласност со формата на мотоциклот.

Тука може да се потенцираат и по мерка изработените фелни со големина од  18-инча, потоа 3D печатените air box, по ера изработена хидраулична спојка и главните цилиндри на сопирачките, a како јаготка врз шлагот на тортата  е монохром сивата боја.

Покрај сетот на фотографии, погледнете го и видео записот и уживајте…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Moto Guzzi со нови модели го слави 100-от роденден

Ducati го произведе 350.000-от Monster

EICMA ги објави датумите за 2021 година

Претставена MV Agusta Superveloce Alpine – во лимитирана серија

BMW електричен концепт со странична приколка

SYM EF3 претстави електричен скутер

Нова заедничка креација на Ducati и Lamborghini – Diavel 1260

Новиот BMW S1000R

BMW Motorrad Definition CE 04