Прв лет на патнички електрично- хидрогенски авион во В. Британија

Американската компанија ZeroAvia се појави на сцената пред помалку од една година и веднаш најави експанзија во областа на малот0 патничко воздухопловство што користи водородно гориво ….

На 22 јуни HyFlyer хибридниот хидроген- електричен авион за прв пат полета од аеродромот Кранфилд (Cranfield) во Бедфордшир (Bedfordshire), Англија, како дел од програмата за создавање флота на авиони со долг досег, што не се загадуваат, пишува New Atlas.

По добивањето на средства од Фондацијата Innovate UK и Институтот за воздухопловна технологија, ZeroAvia ветува дека ќе го започне проектот HyFlyer во најкус можен рок.

Станува збор за авиони од 10 до 20 места што ќе започнат со транспорт на патници за три години, а ќе се појават и модели од 50 до 100 седишта до 2030 година, а пак со 200 и со опсег поголем од 5.500 км, до 2040 година.

„Денешниот лет е последен во низата пресвртници што ја приближуваат можноста за нулта емисија на штетни гасови до реалноста“, вели Вал Мифтаков (Val Miftakhov), основач и извршен директор на ZeroAvia.

„Сите ние сакаме авио- индустријата да се врати по пандемијата, за да може да се пресели во иднина со нулта (нула), со зелено закрепнување. Ова нема да биде можно без реални, комерцијални опции на лет со нулта емисија, нешто што ќе го претставиме на пазарот уште во 2023 година. “

Хидроген -електричниот авион HyFlyer веќе ги помина потребните тестови на земја, а летовите за тестирање на долг пат ќе се одвиваат во наредните месеци.

Последниот тест ќе биде лет до Оркејските острови во Шкотска на оддалеченост од околу 500 км.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обновената Porsche Panamerа постави нов рекорд на Нирбургринг

Идеално решение за SUV на Ferrari

И Tesla отвара фирма за тјунинг на автомобили

Alfa Romeo Giulia  со над 400.000 поминати километри

Гаража во Токио место од соништа за вљубениците во Lamborghini

Maserati Ghibli Trofeo, Quattroporte Trofeo  и Levante Trofeo

Новиот Nissan GT-R пристигнува 2023  година со хибриден погон

Auto Bild го најавува Volkswagen Golf 8 Variant

Од млазен авионски мотор до куќичка за кампување!