Прв производител на автомобили од Кина на јапонскиот пазар

Најголемиот производител на електрични возила во светот, групацијата BYD, пред ден-два одржа прес-конференција во Токио, на која ги претстави своите планови за пробивање на јапонскиот пазар на патнички автомобили….

Идејата е да им се даде шанса на клиентите таму да купат три модели: Atto 3, Dolphin и Seal. Продажбата на кинески автомобили е на врвот на глобалниот пазар на четири тркала, а најавата за влез на јапонскиот пазар нагласува како оваа азиска земја го продлабочува својот меѓународен налет во индустријата, особено со електричните возила. Првиот патнички модел на BYD кој ќе биде меѓу Јапонците е Atto 3 и неговата кариера таму ќе започне во 2023 година.

Моделите Dolphin и Seal исто така ќе пристигнат следната година, но во подоцнежниот дел од годината, односно во средината и крајот на 2023. BYD е исто така делумно во сопственост од 7,7%, на компанијата Berkshire Hathaway што припаѓа на Ворен Бафет (Warren Buffett)

Претседателот на BYD, Ванг Чуанфу, во разговорот што се одвиваше со користење на Интернет истакна дека успехот на компанијата во областа на производството на автомобилски компоненти, од батерии до микропроцесори, е голем, мислејќи на полето на електромобилноста.

„Како една од првите компании во светот што успешно разви електрично возило, BYD има акумулирано 27-годишно искуство во областа на возилата со нова енергија и ја совлада технологијата на градба на батерии, електрични мотори, електронски контролни системи и автомобилски чипови. “, рекол Ванг во четвртокот.

 

BYD, кој се натпреварува со ривалите, меѓу кои можеби најпознатото име е Tesla, објави на почетокот на овој месец дека во јуни постигна три пати поголемо производство во споредба со минатата година, што и тоа како ја зголеми популарноста на електричните возила во Кина има се зајакна како најголем глобален пазар на возила.

Продажбата на компанијата во првите шест месеци од оваа година е зголемена за 315% во однос на компаративната, на 641.350 испорачани електрични автомобили, со што се отстранети нарушувањата во индустријата поради затворањето во Шангај што дојде како резултат на ширењето на познатата инфекција од корона вирусот. Продажбите на BYD во јуни исто така ги надминаа оние од мај за 114.943 единици.

Акциите на BYD, кои тргуваат на азиската берза во Хонг Конг, пораснаа во вредноста за 27% во изминатата година, што им дава подобра пазарна капитализација од GM и Ford заедно. Ванг денес има богатство вредно 25,5 милијарди долари на листата на милијардери на Forbs во реално време.

Треба да се нагласи дека BYD е познат и по негување разновиден бизнис модел, со што развива компоненти по принципот „од игла до локомотива“, а на листата на клиенти се наоѓаат имиња како Dell, Apple, Xiaomi и Huawei. Дополнително, BYD е 579-то на листата на Forbs на 2.000 најголеми компании од јавен интерес оваа година.

BYD го започна своето присуство на јапонскиот пазар во далечната 1999 година кога започна со продажба на батерии на полнење, а потоа продолжи да нуди производи од тој тип, но од понова генерација, вклучувајќи електрични автобуси, виљушкар и друга сродна стока.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Haval H-Dog

Електричните возила само за една година поскапеа за 9.000 евра

Хибридниот WEY Yuanmeng привлекува со атрактивен „ретро лик“

Најавен Zenvo со 1800 КС

Mате Римац – кај супер богатите нема штедење

MINI како количка за продавање на сладолед – MINI Cummins Ice Cream Vans

Сопствениците на Tesla се жалат на воланот кој се распаѓа по 6.000 км

Снимен електричниот Maserati GranTurismo Folgore

Acura Precision EV Concept