„За навистина да достигнете 30, 40, 50% од продажбата на електрични возила, треба да допрете до луѓе кои планираат да купат возило во ценовен опсег од 30.000 до 35.000 американски долари….
Шефот на General Motors (GM), Мери Бара (Marry Bara), најави дека нејзината компанија ќе продава повеќе електрични возила во САД од во моментов најголемиот светски производител на електрични автомобили Tesla Motors и тоа веќе до 2025 година, пренесуваат информативните агенции.
Во интервју за AP, Бара рекла дека е уверена дека GM може да го надмине Теslа, глобалниот лидер, и дека ќе биде пред Илон Маск (Elon Musk) и неговата компанија благодарение на „врвните електричните автомобили “ што ќе ги продаваат по „поволни цени“.
„За навистина да достигнете 30, 40, 50% од продажбата на електрични возила, треба да дојдете до луѓе кои планираат да купат возило во опсег од 30.000 до 35.000 американски долари“, рекла Бара во контекст на оваа изјава за најавениот продажент бум на електрични возила на GM.