Првата етапа на Dakar rally за Toyota

Почетокот на Dakar 2019 беше со првиот брзински испит долг 84 km, возен преку песочни дини

Веќе на првиот брзински тест се исполнија предвидувањата за фаворитите,иако предвидувањето на ваквите натпревари е многу неблагородна работ.

Победник на првиот кус „брзински испит“ во близина на Писко (Pisco) по долгата етапа од Лима, главниот град на Перу, му припадна на  Насер Ла -Атиах (Nasser Al-Attiyah).

Прогласен за еден од најголемите фаворити Ал –Атијах најдобро се снајде во Toyota Gazoo Hilux тимот на песочните дини, за кои тврди дека му одговараат и нему и на возилото.

Според првите резултати, може да се заклучи дека годинешниот ќе биде борба помеѓу два производители– Toyotа и Mini, со оглед на тоа дека минатогодишниот победник на најтешкото рели на светот – Dakar, Шпанецот  Карлос Сајнц (Carlos Sainz) релативно лесно го одржува темпото за Ал-Атијах.

Пласман во конкуренција на автомобили по првиот ден на Dakar Rally 2019.

1 Nasser Al-Attiyah    Mathieu Baumel    Toyota            1h1m41s

2 Carlos Sainz            Lucas Cruz            Mini Buggy     1m59s

3 Jakub Przygonski    Tom Colsoul          Mini 4×4         2m00s

Во конкуренција на мотоцикли, првиот специјален испит, што повеќе наликуваше на загревање на вистинските предизвици што следат, nнајбрзо го совлада Џон Баред (Joan Barred) на Hondа.

Шпанецот кој на Dakar рели натпреварите има над 20 етапни победи, но никогаш немал подобар пласман (генерален) од петто местозад себе го остави Чилеанецот  Пабло Куинтанило (Pablо Quintanillо) на Husqvarnа, a Aмериканецот  Рики Брабек (Ricky Brabec) на Hondа имаше трето најдобро време

Пласман во конкуренција на мотоцикли по првиот ден на Dakar Rally 2019

  1. Joan Barreda                           Honda                      57m36s
  2. Pablo Quintanilla                   Husqvarna              +1m34s
  3. Ricky Brabec                           Honda                      +2m52s

Во конкуренција на камиони, актуелниот шампион Едуард Николаев (Eduard Nikolaev) во Kamaz победи на првиот специјален испит, но со само 18 секунди предност пред Тон ван Генугтен (Ton van Genugten) во Ivecо, кој годинава на Dakar пристигна со сериозни амбиции од тронот да го симне Kamaz.

Следува етапата Pisco – San Juan de Marcon, во вкупна должина од 552 km, со дури 342 km на брзински испит.

Веќе од сега, па натаму, се очекуваат поставувања на првите поголеми разлики, со оглед на тоа дека возачите ќе мораат да ги користат и своите способности за навигација и од сега, па натаму веќе не ќе можат да ги следат трагите на колегите мотоциклисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Sаubеr и Alfa Romeo продолжуваат заедно како Alfa Romeo racing

Volkswagen ID. R најави уривање на рекордот на Nürburgring зa EV!

Заврши Dakar 2019 победници Aл-Атијах, Прајс, Кавиљасо, Контардо и Николаев

Насер Ал-Атијах пред победата!?

Леб повторно победува и им се заканува на фабричките екипи

Dakar 2019 еден од тимовите на KAMZ дисквалификуван поради газење гледачи!

Brabham Automotive се враќа на 24 часа Ле Ман!

Четвртата етапа на Dakar Rally 2019 припаѓа на Toyota и Ал-Ахијaх!

Третата етапа Daklar Rally 2019 – Сајнц со скршено тркало, лидер Ал-Ахија