Први фотографии на рестилизираниот BMW Series 3

Благодарение на Кинезите и нивните прописи за сертификација на претстојните модели имаме можност да се запознаеме со подновениот Баварец од Series 3…

Навистина одличен систем што се чини е скроен по мерката на специјализираните новинари, кои со нетрпение очекуваат истиот систем да се преслика и во другите земјибидејќи рано дава можност да  се добие увид во изгледот на возилата кои сè уште се очекуваат и чија премиера, по правило, сè уште не е организирана. Меѓутоа, во овој случај сме во нешто специфична ситуација бидејќи го видовме стилскиот предвесник на претстојната гама на рестилизираната Series 3 од BMW и тоа пред седум недели, кога беше претставена батериската креација BMW i3.

Сепак, овој конкретен модел дава неколку уникатни карактеристики во однос на стилот, па секако ни е драго што ја гледаме конвенционалната „тројка“ со затегнати брчки. Имено, пред нас се фотографии од рестилизираната Series 3 на BMW, онаа што за напојување користи мотор со внатрешно согорување . Телото што издава сертификти во Кина ги објави и затоа мора да се земе предвид специфичноста на локалниот пазар, како и фактот дека на илустрациите е прикажана верзијата опремена со пакетот M, по што веднаш и од BMW на нивнот блог лансираа сет на фотографии.

Тука треба да кажеме дека на некои пазари Series 3 се нуди облечена во М пакет, како дел од основната понуда. Така денес тешко дека ќе ја најдете новата Series 3 со „обични“ браници и без украси, што ја открива „природата“ на сопственикот (не на автомобилот).

Сепак, новата „тројка“ доби нови браници со исправени „песјаци“ на крајот на браникот. Тие ги заменија големите и црни вметоци на предните браници, додека на задниот дел имаше претходно хоризонтални додатоци, сега повторно и овде се поставени вертикално.

Се променија и бубрезите, па станаа малку пошироки, добивајќи фацетирана форма. Сè што гледаме е сè уште со добар вкус и решетката на ладилникот изгледа радикално поприфатливо од она што го видовме во Series 4. Предните светлосни групи се исто така нови, па долниот раб стана флуиден, без тој „скршен“ детал на предната страна –на изведбата пред затегнувањето на брчките. Дневните светла тука се превртени наопаку.

Повторно, сето ова што го гледаме однадвор се ситни детали, би рекол повеќемина. Но затоа, во внатрешноста на патничката кабина се очекуваат шокантни промени, а тие фотографии се уште ги немаме.

Според прелиминарните информации, откако ќе видиме што има да каже новиот BMW i3, можеме да кажеме дека целата гама на новата Series 3 ќе има рамен преден панел со два поврзани екрани и без „надстрешница “.

Без никакво сомневање, можеме да констатираме дека ќе има одредени технички подобрувања, но конкретно ќе можеме да напишеме што и до кој степен кога производителот ќе излезе во јавноста со спецификациите.

Тоа би требало да се случи во наредните месеци кога ќе бидеме сведоци на официјалната премиера на подновениот модел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Polestar O2 во сериска изведба во 2025 година

Светска премиера: Нов CITROËN C4 X и комплетно електричен Ë-C4 X

Електричен Hyundai Ioniq 6 на видео

И официјално Citroen C4 X

Подновена актуелната Toyota RAV 4

Промовиран Volkswagen ID. Aero concept

Премиера: Новата Opel Astra  пристигна во Македонија

Се подготвува новиот Citroen C3 Aircross

Нов сој на Peugeot – Новиот 408