Први слики на Maserati MC20

Maserati претходно, годинава, потврди дека нивниот нов спортски модел ќе ја носи ознаката MC20 (кратенка за Maserati Corsa 2020 што е потсетување на тркачкото потекло на компанијата), и дека MC20 треба да биде премиерно прикажан во мај годинава во фабриката на Maserati Viale Ciro Menotti.

Сепак, поради корона вирусот, неговата премиера беше одложена за 9 септември. Сега, еве ги првите слики, од неговата официјална промоција во Модена.

Италијанците сè уште не ги откриваат сите детали,  иако веќе доста пишувавме за овој супер спортски автомобил,  од што се знае дека MC20 е природна еволуција на многу успешниот MC12.

Maserati потсетува дека МС12 во текот на својата кариера забележа 22 победи и 14 шампионски титули.

Автомобилот исто така ќе претставува почеток на нова ера за италијанската марка, а ќе има и електрична варијанта.

Првата верзија ќе има централно лоциран 3,0-литарски V6 tvin-турбо мотор со 630кс и 730Nm (со 8-степен менувач со двојна спојка), а потоа ќе пристигнат и други варијанти.

Некои претходни информации споменуваат хибридна верзија, како и целосно електрична варијанта која ќе има три електрични мотори, погон на сите тркала, батерии 800V, долга автономија и брзо време на полнење.

Првите испораки на Maserati MC20 се очекуваат во 2021 година, а една година подоцна пристигнува и варијантата Cabrio.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi Q5 Sportback без маска

Новата Fabia пристигнува вгодина

210 години PEUGEOT! Години исполнети со емоции, индивидуалност и иновации

Hyundai до 2028 на пазарот ќе исфрли автомобили што летаат!

Ferrari Omologata уникат направен врз основа на 812 Superfast

Ford ја претстави Puma ST- перформанс crossover „жешка ѕверка“

Подновениот Range Rover Velar и со plug-in hybrid верзија

Peugeot 508 PSE официјално претставен

И официјалнјо претставен електричниот VW ID. 4