Први „тизери“ на електричниот Hyundai Ioniq 5

Преоизводителот на автомобили од Кореја, Hyundai откри неколку фотографии и видео за својот подбренд Ioniq и моделот 5, кој треба да ја доживее својата премиера наскоро…

Hyundai Ioniq 5 следниот месец ќе има официјална премиера, а кармејкерот од Кореја објави неколку тизери кои откриваат доста за да добиеме претстава што можеме да очекуваме. Се знае дека Ioniq 5 ќе биде базиран на концептот 45, а продукциската верзија ќе стане првото електрично возило базирано на новата E-GMP архитектура.

Од тизерите  може да се видеи дека Ioniq 5 ќе има карактеристичен дизајн кој не изгледа како ништо друго што може да се најде во поставата на Hyundai и тоа не е случајно, бидејќи компанијата веќе најави дека можеме да очекуваме „темелни промени“ во дизајнот на електричните возила.

 

Како и да Hyundai ги чува деталите во тајност, но ние можеме да забележиме дека овој crossover има пикселни предни светла што укажуваат на  дигиталната технологија која ја поседува“, хаубата се протега низ целата ширина на автомобилот, со што се минимизира процепот меѓу панелите и се креира чист и хај-тек изглед.

Тука е и целосно затворената решетка и дигиталните странични ретровизор а воочливи се и контрастните заштитни обвивки на долниот дел од автомобилот, тенките задни светла и аеродинамички оптимизираните тркала кои се со димензија до 20 инчи.

Во однос на полнењето, од Hyundai истакнуваат дека Ioniq 5 има ултра брзи полнечки способности: Со полнење од пет минути возилото може да помине повеќе од 100 км според WLTP циклусот, што не е многу.

Неодамна протекоа информации според кои можеме да очекуваме погон на сите четири тркала и моќност од 313 КС, а забрзувањето до 60 милји на час (0-96 км/ч) се достигнува за 5,2 секунди.

Се уште нема информации за капацитетот на батеријата, но моделот според најавите треба да пристигне со 450 км автономија според WLTP.

Тука е и плус соларен покрив кој треба да помогне во полнење на батериите кога автомобилот не се движи а стои на сонце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

JLR развива напредни композити за идните EV креации

E-Partner нов лесен комерцијалист на струја од понудата на Peugeot

Hyundai го покажа DAL-e робот што ќе продава возила на клиенти

Во Кина произведена револуционерна батерија за што се полни за пет минути!

Microsoft инвестира две милијарди долари во возила што сами возат

Официјално претставен електричниот Mercedes EQA

BMW во тековната 2021 планира двојно да ја зголеми продажбата на EV

Од KIA пристигаат неколку EV првото доаѓа наскоро

Mobilize, EV бизнис на споделување на електрични возила