Првиот Aston Martin AMB 001 мотоцикл тестиран на тркачка патека

Конечно можеме да видиме луксузната моќна креација на две тркала и за што се е подготвена истата …

Aston Martin и Brough Superior пред неколку месеци, го претставија AMB 001- нов мотоцикл во ограничена серија што дебитираше на Саемот за мотоцикли во Милано.

Новиот супер мотор ќе биде ограничен на само 100 единици кои нудат спој од дизајнот на Aston Martin и најнапредниот инженеринг на Brough Superior компанијата.

Довршен во тркачките бои на Aston Green и Lime Essence на матираните црни тркала, вилушки и систмот за сопирање, новиот AMB 001 користи куќиште од карбонски влакна и се напојува со V-tvin мотор, со 180 КС, додека има маса од 180 кг.

„Тоа е она за што веруваме дека треба да биде врвен мотор, и ние сме многу горди што ги гледаме крилјата на Aston Martin на мотоцикл за прв пат“, рече Марек Рајхман, извршен потпретседател и главен креативен директор на Aston Martin. „

„Готовиот производ е навистина убав мотоцикл, уметничко дизајнирање и инженерство. ”

По официјалните презентации и демонстрации, сега овој мотор конечно беше извезен на тркачка патека, каде ја покажа својата моќ и способности.

Точните информации за перформанси сè уште не се познати, но се знае дека еден примерок  на овој мотор ќе чини 108.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Suzuki подготвува хибридни мотоцикли!

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

Brixton Crossfire 500

Ducati Superleggera V4 и официјално стартува со производство

 Ducati Hypermotard 950 RVE

Vespa 946 Christian Dior – родена е новата икона!

MV Agusta планира нов F4

Harley-Davidson Country Cruiser – мотоцикл со две задни тркала