Автомобил со педали? Децата ги обожаваат, а сега треба да ги прифатат и возрасните…
Новиот автомобил се вика Twike 5 и оди во сериско производство. Производителот соодветно го нарекува овој концепт Human Power Hybrid. Со педали, возачот и совозачот помагаат на батеријата што го придвижува електричниот мотор од 70 kW/95 КС, пишуваат специјализираните портали.
При 50 km/h, 10 до 20 проценти од возната моќ може да дојде од мускулната маса (сила). Има две батерии, со капацитет на моќност од 18 kWh и од 36 kWh, кои овозможуваат автономија од 250 и 500 km. Потрошувачката на ова возило треба да биде само 7,3 kWh/100 km, а е минимална поради скромната тежина (600 kg) и аеродинамично простудираната каросерија. Максималната брзина е 190 km/h со голема батерија и 130 km/h со помалата.
Twike 5 – така се вика овој автомобил на педали, нуди простор за 300 литри багаж. Нема волан, а за вртење и возење потребно е извесно време за да се навикнете. Се„ работи“ со два лоста кои ги држите во рака лево и десно.
Ова возило ќе биде лансирано како мала серија од 500 примероци до крајот на тековната 2022 година.
Инаку, целото возило е долго само 332 см.
Цената е од 39.900 до 49.900 евра. Фабриката кад што се произведува е лоцирана во гратчето Розентал, недалеку од Франкфурт.