Првиот човек на Alfa Romeo: без Stellantis марката Alfa би пропаднала!

Извршниот директор на производителот на спортски автомобили од Милано изјави дека Alfa Romeo му должи благодарност на Stellantis, бидејќи без него сигурно ќе банкротира и ќе исчезне од автомобилската сцена…

„Мислам дека ви е јасно во каква деликатна ситуација беше брендот до неодамна. Со два модели во гамата, ниту еден од нив не носи профит и доволен број продадени примероци. Без само-развиени нови технологии… Колку долго би траела Alfa Romeo, односно колку време би требало да исчезне од автомобилската сцена? „Многу малку, пропаста беше сигурна“, рекол Импарато.

„Благодарение на финансиските инјекции кои дојдоа од Stellantis и новиот план за производство и маркетинг на моделот, Alfa има иднина. Наше е тоа да го обезбедиме, но добивме шанса која мора да ја искористиме“, изјави првиот човек на италијанскиот производител.

Тој истакна дека преродбата официјално започнала со crossover моделот Tonale, но дека тоа е само почеток.

„Во наредните години ќе пласираме голем број новитети. Ќе започнеме со crossover од B сегментот, кој ќе биде нашиот воведен модел.

Имаме големи очекувања од него и од Tonalе, тие треба да ја донесат нашата продажба во Европа“, изјави Жан-Филип Импарато.

Извршниот директор на Alfa Romeo додаде дека овој иден суб – компактен SUV ќе биде и првиот електричен автомобил на марката.

„Без Stellantis немаше да имаме пристап до оваа платформа и EV технологијата, па производството и развојот на овој модел би биле далеку поскапи. Така, ситуацијата е таква што овој кросовер може да донесе многу профит за нашата компанија“, заклучи шефот на Alfa Romeo.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Fiat 500 electric најпродаван EV автомобил во Европа

Mercedes B Class во 2025 година ќе замине во историја

Новиот Mercedes GLC на најавни слики

Tеsla повлекува 130.000 возила

Toyota годинава очекува пад на оперативниот профит

Признанија на списанието Autocar за Питер Шрејер и Kia EV6

Mercedes на вонреден сервис повикува речиси 300.000 автомобили

Можно враќање на GM во Европа

Цените на бензините повторно растат, дизелот поевтинува