Првиот човек на Cupra е нов шеф во Seat

Големиот шеф на Volkswagen групацијата, Херберт Диес го назначи досегашниот прв човек на Cupra Вејн Грифитс за нов извршен директор на Seat…

Вејн Грифитс од први октомври ќе биде шеф на Seat, одлучи Volkswagen групацијата. Исто така освен со Seat, Грифитс ќе продолжи да биде и извршен директор и претседател на Cupra брендот, притоа задржувајќи ја својата позиција на извршен потпретседател за шеф и маркетинг во компанијата. Во меѓувреме, Херберт Стајнер ќе стане нов потпретседател за производство и логистика на Seat.

Откако се приклучи на шпанската компанија во 2016 година како шеф на продажба, Грифитс успеа да направи Seat да стане најбрзо растечки бренд во Европа, рушејќи ги сите рекорди за продажба со раст од повеќе од 40 проценти во периодот од 2016 до 2019 година.

Исто така, тој е и помеѓу основачите на Cupra брендот, каде што стана извршен директор во јануари минатата година.

„Вејн Грифит е еден од нај квалификуваните менаџери во Групацијата. Во изминатите четири години, тој ја насочи продажбите на Seat до рекордни нивоа и го предводеше развојот на новиот Cupra бренд. Тој ја има мојата целосна поддршка и убеден сум дека ќе го продолжи својот успешен пат како шеф на Seat“, изјави Диес.

Во јули, Seat го најави својот инвестициски план вреден пет (5) милијарди евра за периодот помеѓу 2020 и 2025 година, кој започнува со лансирањето на пет нови електрични и plug-in хибридни модели во следните 12 месеци.

Инаку, ова не се единствените промени во менаџментот.

Така, Стајнер ја презема фунцкијата на Кристијан Волмер кој се сели во Volkswagen брендот како нов член на бордот за производство, додека потпретседателот за правни работи на Seat, Луис Комас, станува независен член на бордот на директори на Seat…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осветлената „ѕвезда со три крака“ причина за масовно повлекување на SUV модели на Mercedes

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Саемот во Њујорк поместен за август следната година

Нов шеф на дизајнерскиот центар на SEAT

Renault performance моделите ќе го носат беџот на Alpine

Цената на бензините оди долу а на дизелот останува иста

Произведени 200.000 BMW i3

Ова се финалистите на Autobest Best Buy Car за 2021

Volkswagen ID.3 и Polestar 2 со титули во изборот за автомобил на годината 2021 година во Германија