Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари

На Илон Маск, извршен директор на Теsla, му била доделена првата рата од 12-те можни плаќања врз основа на постигнатите резултати, чија сума е измерена во стотици милиони долари….

Според официјалните податоци, на берзата од четвртокот, Маск заработил 1,7 милиони акции на Теsla во вредност од 775 милиони американски долари.[

Маск не добива плата за својата работа, но тој е сопственик на 18,5 % од компанијата.

За да биде платен, тој мора да постигне одредени цели.

Првата цел, за „Теsla“ е да има пазарна капитализација од повеќе од 100 милијарди долари и тоа  30 дена по ред во периодот од шест месци, како и во период од четири кварталида има промет од 20 милијарди долари.

Акционерите потврдија дека целите се исполнети и веруваат дека оваа исплата ќе дејствува како мотивација за побрзо постигнување на понатамошно поставените цели.

Сепак, не се задоволни сите големи акционери.

Ричард Торнет (Richard Tornett) ја тужеше компанијата поради овој компензационен план, обвинувајќи го одборот на директори за кршење на основните должности со одобрување на пакет што неправедно носи големо богатство на директорот на компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брендирани маски и еколошки Fiat 500e за претседателот на Италија!

Ставата на Ferrari 250 GTO повеќе не е заштитена – реплики на повидок

Наскоро Mercedes-AMG GT Black Series

Неуништливиот Aurus: Луксузната руска лимузината ги мина сите тестови

Најавен новиот Ford Bronco

Шефот на Nissan се извини поради загубите!

Lamborghini најави промоција на ново возило на 8 јули

AC Cobra вратена во живот и електрифицирана!

Американците го истражуваат Teslа: Пожарите на постарите Model S изведби можеби не се случајни!