Првиот електричен Alfa Romeo пристигнува 2024 година

Шефот на Alfa Romeo, Жан-Филип Импарато, потврди дека првиот ЕV од таа марка ќе пристигне на пазарот во 2024 година…

Импарато остана мистериозен за кој модел всушност станува збор. Италијанските медиуми инсистираат долго време дека тоа ќе биде crossover од B сегментот.

Тој градски теренец треба да се монтира на CMP платформата на поранешната групација PSA, која ја користи преку модели – од Peugeot 208 и 2008, преку Corsa и Mokka на производителот од Риселсхајм – Opel, се до идниот адут на Alfa.

Како што е веќе познато, CMP архитектурата овозможува и имплементација на целосно електрично издание, што е опција што ја користат сите горе – споменати автомобили. Специјализираните новинари од Апенинскиот полуостров со месеци најавуваа дека новиот crossover од Милано ќе носи едно од двете понудени имиња: Brennero или Palade.

Решението за мистеријата би можело да следи во февруари следната 2022 година. Тогаш се очекува дека уште еден модел ќе дебитира со Tonale – сосема логично овој суб компактен crossover модел. Се верува дека овој мал теренец ќе ги преземе единиците од поранешната групација PSA, па затоа не треба да има посериозни изненадувања на тоа поле. Наводната премиера ќе се одржи на салонот во Женева следната година.

Постојат неколку верзии на приказната за почетокот на продажбата, но нам ни се чини најреално е дека производството ќе започне кон крајот на 2023 година и дека првите копии ќе стигнат до нови сопственици на крајот од истата, или можеби на почетокот на 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai со патент за дисплеј во средина на воланот

Honda SENSING 360 степени – формула за безбедност

Сон на возачите Вечен зел бран

Google AI го подобрува протокот на крстосниците

Fiat Tipo „задоволи“на тестот „северен елен“ на Тимот км 77!

GM се пофали со нов авто пилот Ultra Cruise

Кинескиот автомобилски гигант Geely почнува со производство на сателити

Lancia Delta се враќа како електричен автомобил

Mazda6 со заден погон и мотор со 6 цилиндри во линија за 9 месеци!