Првиот Lamborghini на струја Grand Tourer пристигнува 2025!?

Од Lamborghini посочија дека нивниот модел би можел да биде првиот целосно електричен автомобил и би се појавил кон средината на наредната деценија …

Според шефот за истражување и развој на Lamborghini, Маурицио Реџиани, италијанскиот производител на автомобили би можел да ја користи постоечка платформа од Volkswagen Групацијата за ваков модел.

Платформата PPE развиена од Porsche и Audi и слична на J1 платформата на Porsche Taycan и Audi e-tron GT и е најверојатната опција.

L

„Ако го погледнете тајмингот, постои потенцијал дека ова ќе биде вистинското време за целосно електрично возило“, рече Реџиани.

Тој нов 2+2 Lamborghini ќе ја гради четвртата моделска линија на марката, a на пазарот би требало да се појави во текот на 2025 година.

„Перформансите ќе бидат многу важни. Ние мора да бидеме брзи, но не баш на ист начин како што треба да бидеме во нашите супер -спортски автомобили. Четвртата линија на моделот ќе биде нешто поразлично “.

Се прогнозира дека новиот електричен Lamborghini ќе понуди автономија со едно полнење на батериите од минимум 350 миљи, односно околу 563 km, a можеби и значително повеќе ако се земе во предвид постојаниот напредок на технологијата.

Во однос на изгледот новиот Grand Tourer ќе биде инспириран од агресивните линии на останатите модели на Lamborghini, а пак производството би требало да се одвива во погоните на фабриката во Санта Агата Болоњезе (Sant’Agata Bolognese).

Како и да е, ако Volkswagen му даде одобрување на Lamborghini за да продолжи со производство на електричен Grand Tourer, тој би можел да се позиционира како уште побрза алтернатива на Porsche Taycan и претстојниот Audi e-tron GT.

Таквото возило неизбежно ќе преземе дизајн инспирација од Urus SUV, а можеби и ќе се лансира со слична целокупна форма со незаборавниот Estoque концепт од пред една деценија.

„Прво треба да ја воспоставиме и консолидираме линијата Urus. Беа потребни 10 години за да се воспостави нашиот V10 модел, од кога Gallardo беше лансиран во 2003 година преку Huracán, па затоа треба да се осигураме дека ќе го сториме истото и со Urus“, додаде Реџиани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

DMC Ferrari 812 Superfast Spia

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС

Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

Ќе ја биде – нема да ја биде – Alpine ќе опстане како производител на електрични возила

Spiderman ќе вози Hyundai Sonata

Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа

Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите