Првиот мотоцикл на Aston Martin ќе биде претставен идниот месец

Aston Martin ги прифати crossover и hyper автомобилите, а сега компанијата ги открива плановите за низа мотоцикли што ќе бидат понудени само во лимитирани серии…

Деталите се штури,  но се знае дека  Aston Martin е во соработка со Brough Superior за изградба на моторцикл што ќе понуди совршен баланс помеѓу перформансите и дизајнот.

Проектот се „држи во длабока сенка“ , но од двете компании изјавија дека првиот моторцикл е резултат на комбинираната визија на извршниот потпретседател на Aston Martin, Марек Рајхман и извршниот директор на Brough Superior, Тиери Хенриет, кои се обожаватели на мотори.

Достапната тизер скица од новиот модел на моторцикл не открива многу, но сугерира дека тој ќе биде стилски модел со високи перформанси, со тенок резервоар и со едно седиште.

Од Aston Martin навестуваат дека ќе користат иновативни инженерски решенија, како и најдобри материјали.

Нема никаков збор за цената, но моторот би можел да биде најприфатливиот модел на Aston Martin.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

BMW S 1000 XR, полесен, побрз и поубав

Во Италија возачите задолжително ќе вградуват аларм за бебиња на седишта

Tesla својот Cybertruck pick up ќе го претстави на 21 ноември

Harley Davidson на EICMA 2019

Иднината на Alfa Romeo во PSA Group!

Ford со големи надежи во електричен SUV што наликува на Mustang

Audi RS Q8 го урна рекордот на Nürburgring!

Наскоро Wiesmann MF6

Прво видео од новата Škoda Octavia пред светското деби 11.11.2019