Првиот SUV на Genesis конечно дебитира

Луксузната марка на Hyundai го петстави својот прв SUV, што би требало на овој луксузен бренд да му ја зголеми продажбата на пребирливиот, особено во лусузниот сегмент, европски пазар  …

Конечно е претставен моделот на кој во Genesis работеа долго врем. Велат дека во GV80 вложиле многу пари и уште повеќе труд за да се наметне како рамноправен конкурент на ривалите во овој предизвикувачки и профитабилен сегмент.

Но, засега GV80 eдостапен само на домашниот пазар (Јужна Корја), па така сите информации за возилото се однесуваат за изведбата наменета за тој пазаp.

Исто така, од Genesis соопштија дека новиот SUV првенец ќе биде достапен во две конфигурации на седишта, односно со пет и со седум седишта.

Но тоа што се издвојува кај овој модел е технолошкиот аспект на целата, навистина, интересна, приказна.

Внатре дефиницијата гласи дигитализација – освен што пред возачот е  дигитална инструмент тбла, на врвот на централната конзола е поставен голе екран за контрола на информативно – забавен систем со дијагонала од 14,5- инча.

Малку подолу на централната кнзола е претставен контролен панелчувствителен на допир.

Покрај стандардните функции овој контролен панел може да се користи така што на екранот ќе испишува зборови односно имиња на локациите до кои сакате да стасате за навигацијата веднаш да си заврши работатат.

Или, пак ги испишува броевите на телефоните што треба да се повикаат преку bluetooth конекцијата.

Покрај то, GV80 има и систем за „ублажување“ на бучава што доаѓа од надвор.

Така кога ќе регистрира голема бучава автомобилот емитува звучни бранови во кабината за ефективно да ги контролира непријатните звуци што доаѓаат однадвор.

Инаку, луксузниот SUV ќе биде понуден со повеќе погонски агрегати, но засега е познато дека во Јужна Кореја ќе биде доатапен со turbo дизел мотор, со работен волумн од 3,0-литри, што е развива моќност од 278 ks и 578 Nm.

Кога станува збор за другите пазари, во моментов нема никакви официјални потврди, но се верува дека во понуда ќе бидат и турбо бензинецо, со четири редни цилиндри, со работен волумен од  2,0 литри, како и со шест цилиндри исто така во линија, со работен волумен од 3,5- литри.

Продажбата на моделот GV80 ќе стартува кон крајот на овој месец – Јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Освојувачка експедиција од Кина- I WAYS пристига на салонот во Женева 2020!

Новиот MItsubishi Space Star достапен и во Македонија за само 8.880 евра

Isuzu Anadolu со награда за Аутомакедонија за најдобар дистрибутер

Cruise Origin – електричен мини бус без волан!

Од Opel за годинава најавуваат и нова Mokka

Производната верзија на Lucid Air на салнот во Њујорк

Новиот Toyota Land Cruizer пристига наредната 2021

Снимен нов Renault concept

Новиот VW GTI без маска- „ѕирнат“ од задната страна!