Првиот „тетовиран” автомобил на светот доаѓа од Lexus

Според одликите на традиционалната уметност во земјата на Изгрејсонцето, Lexus го претстави единствениот UX модел што е првиот „тетовиран” автомобил на светот…

Оддавајќи чест на префинетата и традиционалната јапонска уметност, Lexus пред јавноста го претстави првиот тетовиран автомобил на светот, а таа уникатна интерпретација на компактниот SUV модел UX ја дизајнираше и креираше познатата лондонска артистка за тетоважи Клаудија Де Сабе.

Користејќи чисто бел автомобил како „платно” и Dremel дупчалка наместо фини игли за тетовирање, таа ка искажала својата креативност „цртајќи” спектакуларна слика од познатата јапонска „кои” риба преку целото возило.

Инаку, „кои” е мотив познат од традиционалната јапонска уметност и симбол на добрата среќа и упорност.

Клаудија ја симна површинската боја и го одработи металот под неа со цел да создаде сложен примерок, а потоа рачно нанесе пет литри висококвалитетна автомобилска боја со цел да ги обои деталите.

На крајот, користела ливчиња злато со цел да ги потенцира деталите и на целиот дизајн да му даде посилен 3D ефект, пред целосното возило да добие заштитен лак и да може да се вози низ улиците.

Целиот процес траел шест месеци од првичните цртежи, а „тетовирањето” е направено во текот на пет осумчасовни интензивни сесии.

Проект е исклучително тежок, со вибрации од дупчалката и работа на предмет, кој за разлика од човечкото тело, не можеше да се заземе поудобна положба за време на тетовирањето. И додека за време на тетовирањето кај луѓето возможно е исправање на помали грешки, „цртањето ” со дупчалка бара апсолутна прецизност и голема концентрација.

Тетовираниот Lexus UX нема цена, но се проценува дека нарачаната работа чини повеќе од 126.500 евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

PSA групацијата донира над 400.000 маски и друга медицинска опрема на болници во Европа

Polestar Percept нови детали и фотки – можна најава за електричниот SUV Polestar 3

Jaguar Land Rover против корона вирусот

Видео Црвено Ferrari што ви го одзема здивот и негова заштита од гребници

Фудбалерите на Баерн не го фаворизираат Audi, клубот со драстични казни

Составете си тркачка Toyota дома – во стилот седи дома

Место автомобили Seat произведува вентилатори за респиратори, а Lamborghin заштитни маски и визири

Лекарите бараат лимитирање на брзината во градовите на 30 км/ч

Видео: Mazda 100th Anniversary Special Edition