Првиот Toyota Prius PHV со соларни панели !

„Кармејкерите“ на секој начин се трудат да ја зголемат автономијата на возење на plug-in хибридните и електричните возила, а во таа насока соларните панели се меѓу најактуелни решенија и тоа со чиста обновлива енергија…

Производителот на возила од Далечниот Исток – Toyota е еден од посветените кон решавање на овој проблем и од нивните развојни тимови стаса план за почеток на тестирањата по јавните улици на моделот Prius PHV, а во САД познат како Prius Prime, опремен, помеѓу другото и со високо ефикасни соларни батерии.

Испитувањата ќе се спроведат во Јапонија и ќе бидат поддржани од корпорацијата Sharp и од Организацијата за енергија и индустриска технологија во земјата (NEDO), каде компанијата Sharp ќе биде одговорна за снабдувањето со соларни батериски панели, во чија изработка се користени високо ефикасни ќелии.

Целта на овој проект е да се процени ефективноста на подобрувањата во возниот радиус и горивната ефикасност на електрифицираните возила што се опремени со високо ефикасни соларни батерии, а за потребите на тестирањето, Toyota ги постави соларните панели на покривот, хаубата и на багажната врата на Prius PHV.

Во споредба со Prius PHV, кој е веќе достапен и со соларен систем за полнење на покривот, демо – автомобилот е супериорен во секој поглед860 W, номиналната моќност е 4,8 пати поголема и ефикасноста на конверзија на соларни ќелии надминува 34%, наспроти досегашните 22,5 %, а најважно од се е дека демо возилото користи систем кој ја полни батеријата и кога е паркирано и кога вози.

Сето треба да резултира со  подобрувања радиусот на возење и на ефикасност во користење гориво кај возилата со електричен погон.

Така, во Toyota тврдат дека кога возилото е паркирано максималното дневно полнење на батеријата е еквивалентно со возење во радиус од 44,5 km, во споредба со производствениот автомобилот кај кој ова изнесува  скромни 6,1 km.

Toyota ќе ги спроведе испитувањата под различни возни услови во Toyota City, Токио, со цел да се искористат добиените податоци за развој на вграден соларен систем за полнење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доаѓа ера на се попаметни дигитални клучеви!

Mahle со прототип на 48 V батериски систем

Новите автомобил на Ford може да гледаат и зад аголот!

Hyundai Motor Group TECH иновации на дланка и увид на клиентите!

V2V: иднината е во синергија помеѓу возилата

Hyundai HDC-6 Neptune Concept со горивни ќелии

Hyundai развива темпомат базиран врз Вештачка Интелигенција

Иднината на горивните ќелии и хидроген возила се по розова

Volkswagen ID.3 ќе комуницира со патниците