Првите осум Bugatti Chiron Super Sport 300+ подготвени за испорака

Првите осум од планираните 30 примероци од најбрзиот Bugatti досега се подготвени за испорака на клиенти кои беа подготвени да издвојат 3,2 милиони евра за да паркираат во своите гаражи примерок на овој ексклузивен хипер автомобил…

По две години интензивно тестирање и фино подесување, првите осум примероци од ултра спортскиот модел Chiron Super Sport 300+ излегоа од „студиото“ на Bugatti, кои со себе ја носат титулата најбрз сериски Bugatti досега.

Автомобилот со малку подолго тело во споредба со стандардниот Chiron се напојува со централно поставен 8.0-литарски мотор со 16 цилиндри, помогнат од четири турбо полначи.

Тoa e доволно за испорака на моќ пд 1.600 коњски сили и 1.600 Nm вртежен момент за да се постигне „ремек -дело“ на Bugatti со супериорни перформанси: Забрзување од 0 до 100 км/ч  за 2,4 секунди, од 0 до 200 км/ч се потребни 5,8 секунди, а од место до 300 км/ч пристигнува за нешто повеќе од 12 секунди.

Агрегатот доаѓа во комбинација со седум (7)-брзински автоматски менувач со две спојки силата ја пренесува на двете оски.

Таквата комбинација овозможи постигнување на максимална брзина што прототипот ја постигна  (491 км / ч), но во случај на „сериските“ примероци е електронски ограничена и изнесува „само” 440 км/ч.

Во Молшајм (седиштето на Bugatti), велат дека преостанатите , инаку, одамна распродадени, 22 примероци наскоро би требало да стигнат до нивните сопственици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Defender- За прв патна филмското платно во филмот „No Time To Die – 007″

Alpine A110 во боите на полицијата на Франција

SAIC Design R RYZR concept

Електричните Maserati ќе доаѓаат од погоните во Мирафиори

New 500 -Мал автомобил на годината на News UK Automobile Awards за 2021

Трка на Давид и Голијат!

Дополнителен „акцесорис“ на RR ќе ве чини како едено BMW 420i Coupe

Toyota Mirai со едно полнење минала 1.359 km и постави нов светски рекорд

Bermat GT нов супер спортист од Италија