Прво видео од новата Škoda Octavia пред светското деби 11.11.2019

Чесите откриваат нови детали на нивноот пазарен хит и тоа на една недела пред глобалната официјална премиера на Octavia во видео со краток преглед на моделот …

Светската премиера на четвртата генерација на популарниот чешки седан е закажана за идната недела, но од Млада Болеслав ја поттикнуваат љубопитноста на публиката со краток преглед на моделот преку ново „тизер“ видео.

Од видеото може да се забележи силуетата на чешкиот лимузина од компактната класа, веќе  позната од шпионските фотографии, а тука е и делот од дизајнерските шеми, како начинот на спој на фаровите со решетката во предниот дел, со графиката на светлосните уреди.

Од Škoda, потенцираа дека Octavia ќе  се пофали со целосните LED матрикс предни фарови, со две остро дефинирани, светлосни линии во форма на L, кои ги одделуваат двата LED модула еден од друг, а и назад  светла имаат LED технологија и анимирана „Coming/Leaving Home“ функција.

Светската премиера на новата генерација на bestseller модеот на Чесите – Škoda Octavia ќе се одржи во Прага на 11 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Polestar и Koenigsegg ќе „танцуваат” заедно!

DMC Ferrari 812 Superfast Spia

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС

Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

Ќе ја биде – нема да ја биде – Alpine ќе опстане како производител на електрични возила

Spiderman ќе вози Hyundai Sonata

Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа