PSA ќе ги електрифицира сите бензински модели во Кина

Во годината што е на праггрупацијата PSA ќе почне да нуди електрифицирани верзии на сите свои нови и освежени бензински модели…

Групацијата има за цел да ги електрифицира сите бензински модели што се резултат на  заедничкото вложување со Dongfeng Peugeot Citroen Automobile во Кина, а прв во низата е е целосно новиот Peugeot 2008, што  ќе се појави во продажба со целосно електрична варијанта.

По него следуваат Peugeot 4008 и Citroen C5 Aircross што бо претстојната 2020 доаѓаат и со хибридни варијанти.

Во однос на целосно електричниот Peugeot 2008, со е-2008 ознака, се напојува со електричен мотор од 136 КЅ што ги задвижува предните тркала, со помош на батериски пакет од 50 kWh што поддржува брзо полнење од 100 kW.

Французите ветуваат автономија на возење со едно полнење на батериите од 310 km., според новиот WLTP циклус.

Според Dongfeng Motor Group, целоата линија на производи на компанијата ќе има електрифицирани опции до 2023 година во Кина.

Потсетуваме заедничката компанија PSA-Dongfeng е основано во 1992 година како 50-50 партнерство, произведувајќи возила и за Peugeot и за Citroen и е едноп од двете такви партнерства на PSA, заедно со Changan договорот, кој се фокусира на градење на DS-бензински возила.

Сепак, Changan PSA досега не покажа којзнае каков  успех во однос на продажбата од стартот на заедничкото вложување  2011 година, па затот минатиот месец, групацијата PSA потврди дека ќе стави крај на ова заедничко вложување, иако производството на DS моделите ќе продолжи, но не со Changan.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест финалисти конкурираат за титулата Автомобол на годината во Македонија

Брз и успешен старт за Ssang Yong и Аутомакедонија

Dacia со секоја година се подобра и подобра

Lada во 2019 со мал пад на продажбата во Европа, но доминира во Русија!

Од Nissan со демант дека бараат развод на „бракот“ со Renault !

Дизелите повторно на удар, нови податоци пак фрлаат дамка на нив

Mеrcedes и Gеely со заеднички проект вреден околу 800 милиони долари!

Пристигнува најмалиот- baby Jeep!

Honda Civic Type R во Токио ќе ја покаже освежената појава