Пуштена во употреба обновената бензинска станица на Макпетрол во Куманово

Макпетрол АД Скопје продолжува да инвестира во сопствените капацитети и истовремено продолжува и понатаму со зацртаниот инвестициски циклус. При тоа, со постојана тимска работа на стручниот и професионален кадар, Макпетрол АД Скопје ги имплементира највисоките европски стандарди во сегментот на трговијата со нафтени деривати.

Денеска во 13 часот, свечено беше отворена целосно обновената Бензинска станица во Куманово, на која присуствуваа високи претставници на компанијата.

Макпетрол АД Скопје продолжува со својот концепт на создавање мултифункционални бензински станици во кои покрај достапноста на висококвалитетни горива се нудат и дополнителни содржини. Тоа е уште еден показател дека Компанијата секогаш се труди на потрошувачите да им создаде пријатни и современи продажни точки каде што ќе добијат професионална услуга и квалитетни производи. Оваа бензинска станица, ќе ги снабдува потрошувачите со Еуросупер БС 95, Еуросупер БС 100,  Еуродизел, Авто ТНГ и метан. Притоа, бројот на пиштолите за полнење е зголемен на вкупно 50 и во еден момет гориво можат да наполнат 14 моторни возила.

Капацитетите, односно функционалните содржини на оваа  бензинска станица, се надополнети со целосно обновен надворешен и внатрешен продажен простор, модерен мини ресторан, современи и чисти тоалети, Wi-Fi корнер, како и простран паркинг,

Компанијата верува дека токму ова е иднината на бензинските станици и во чекор со светските трендови и новитети во нафтениот бизнис инвестира во своите веќе постоечки капацитети со цел сервисирање на сите потреби на потрошувачите.

Воедно пумпата во Куманово е меѓу првите три,  по прометот на гориво во цела Македонија од пумпите на Макпетрол. Сега целосно реновирана и со зголемен капацитет, во Компанијата очекуваат и зголемување на прометот за најмалку 10 отсто.

Успехот на една компанија најдобро се гледа преку бројноста на нејзините задоволни и лојални корисници Постојаната заложба на Макпетрол АД Скопје да ги стави потрошувачите во центарот на својата работа, ја докажува посветеноста на Компанијата да создаде вистинско партнерство со потрошувачите. знаејќи при тоа дека успехот го должи на довербата и лојалноста на клиентите и секако на пошироката општествена заедница.

Следната бензинска пумпа на Mакпетрол што ќе се реновира ќе биде таа во Штип…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пробно производство на Aston Martin DBX

Франција до 2040 ќе ги избрка возилата со фосилни горива !

Новата KIA Xceed пред премиера ја покажа внатрешноста и дигиталната ера

Вгодина  пристигнува Mazda на струја!

Citroën, го забележа најсилниот раст во топ 12 автомобилски бренда во Европа

Peugeot Active Drive! ИМА СÈ!

Citroën C3 Aircross- Уште еден продажен хит на Французите!

Во Kia имаат подготвен нов SUV

Тesla доби ривал од Кина-се вика XPeng P7