R5 TURBO 3E ја освои ја освои наградата на публиката на натпреварот „Уметност елеганција 2022 “ во Шантили

  • Награда од публиката за Renault R5 Turbo 3E

  • Прва награда за Renault R5 Turbo 3E

  • Renault R5 Turbo 3E ќе биде изложен на салонот во Париз во 2022 година.

Шантили, 25 септември – Концептниот автомобил Renault R5 Turbo 3E ја освои наградата од публиката на натпреварот „Уметност и елеганција 2022“ што се одржа на 25 септември во Шантили (Chantilly), Франција.

R5 Turbo 3E е модернизиран и електрифициран омаж на нај спортските верзии на моделите Renault 5, а тоа се Turbo и Turbo 2.

Овој концепт роден за дрифтинг беше претставен во придружба на модел облечен во возачки костим направен од дизајнерската куќа La Fameuse, позната по трансформирањето на постоечките парчиња во уникатна спортска, но елегантна облека.

Жил Видал (Gilles Vidal) потпретседател за дизајн на Renault, рече: „Горди сме што ја добивме оваа награда. Нема подобро признание од признанието на публиката. Renault е популарен бренд со поп карактер кој привлекува најширок спектар на клиенти. Со оддавање признание на моделот Renault 5 Turbo 2, ќе ги привлечеме и младите и љубителите на моделот Renault 5. Оваа награда е круна на прославата на 50-годишнината на Renault 5“.

R5 Turbo 3E ќе биде изложен на Саемот за автомобили во Париз од 17 до 23 октомври 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volkswagen ID.Buzz хит и пред да почне продажбата

Volvo привремено ја запре продажбата и понудата на лимузината Ѕ 60

Компанијата што произведува Јеер во Кина поднесе барање за стечај

GM го ревидира амбициозниот план за производство на EV во САД

Русија ја „моли“ Индија за испорака на потребни делови за автомобили, авиони…

Stellantis би можел целосно да се повлече од Кина

Горивата поевтинуваат бензините за два а дизелот за 1,5 денар

Три клучни проблеми за бавниот премин кон EV

VW нема да го згасне SEAT