Radical SR10 за тркачи и вистински ентузијасти во големите брзини

„Целта на SR10 е да биде побрз од конкуренцијата, притоа останувајќи лесен за ракување и евтин за одржување“, изјави британската компанија Radical Sportcars.

SR10 е нова машина во светот на мотоспортот, наменета за ентузијастите на патеката и тркачите ширум светот, а чини 126.000 фунти.

Го придвижува 2.3-литарски мотор на Ford со Garrett турбо-полнач  кој развива 425 КС и 515 Nm вртежен момент, што значи дека е помоќен од моделите SR1, SR3 и SR8. Силата се пренесува на задните тркала преку шест степен   секвенцијален менувач Hewland и диференцијал со ограничено лизгање.

Нема ABS, ниту контрола на влечење и помош при сопирање.

Каросеријата создава одличен downforce , шасијата е лесна и изработена според спецификациите на FIA, а SR10 е опремен и со LED фарови, заден спојлер, целосно прилагодлива суспензија и прилагодливи амортизери. Силните предни и задни сопирачки се грижат за запирање.

Возачот има на располагање LCD -екран, серија мапи за моторот и  за менувачот и ….

На крај само еден податок  SR10 тежи 725 кг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Понудата на Dacia драматично се менува

Изнервиран од чести дефекти го запали својот Mercedes-AMG GT 63 S 4door

Снимен мистериозен Bugatti

De Tomaso станува американска марка

Fiat Moby за помалку од 6.000 евра но во Јужна Америка

Во Берлин со регистерски таблички и за велосипеди!?

Возачите во Британија нема да смета ниту да држат мобилни во рака

Вгодина Škoda Enyaq iV Coupe!

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio SUV на годината!