RadMini електричен мотоцикл што може да се носи во куфер!

Елетричните мотоцикли не се евтини, a како и сите „макини“ на две тркала, во суштина се многу „чувствителни“ на кражба, односно многу лесно го менуваат сопственикот на недозволен – криминлен начин…

Но сечини дека е пронајден лек и за скапата цена и за подлоноста на кражби и тоа благодарение на конструкторите и инженерите на компанијата Rad Power Bikes од Сиетел, САД.

За помалку упатените ќе спомнеме дека компанијата е позната по креации лесни за возење, а при тоа се доверливи и удобни.

Згора на тоа погонсиот систем и е потполно на струја, не се премногу скапи и не го оптоваруваат домашниот буџет.

Почетната цена на мотоцилот на овој производител изнесува 1.100 евра, a максималната не ја надминува сумата од 1.700 евра.

Инаку, за солидно опремен RadMini идните купувачи во Европа ќе треба да издвојат 1.599 евра.

Најновата креација на компаниата RadMini,  наскоро, би требало да стаса и на пазарите на Стариот континент.

Мотоциклот RadMini e електричен и по возење на истиот можете да го склопите и со себе да си го понесете дома.

Имено, може да собере во багажник на автомобил, а тоа значи дека лесно може да се пренесе (транспортира) до саканата локација било каде да се наоѓа истата.

Овој мотоцикл има потесни рачки, но затоа пак, како контраст, робусен дизајн на рамот, што во споредба со другите модели на мотоцикли е покус  и помал.

Погонскиот систем на овој мотоцикл е со моќност од 250 W, а истиот нуди автономија на возење со едно полнење на батеријата помежу 40 и 88 km.

Притоа може да постигне максимална брзина  која е сосема „ок“ за градско користење – 25 km/h.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Италија пристигнува вирус на две тркала – Vyrus Alyen

BMW R18 – новиот крстосувач конечно покажан

Kawasaki Ninja ZX-25R во карбонско издание

Електричен мотоцикл од иднината – Z Motorcycle

3Д Печатење – иднината на изработка на мотоцикли

На радост на моторџиите вљубени во BMW пристига новиот R18

Harley-Davidson со Porsche дизајн на агрегат!

Мотоцикл од дрво вози со 220 km/h!

Мотоцикл Lazareth LM 410 чини100 илјаи евра