Ram 700- Fiat Strada pick-up на некои пазари

Fiat-Chrysler Automobiles ќе започне со продажба на новиот pick-upмоделот Fiat Strada (веќе се нуди некое време на пазарите во во Бразил и Аргентина) во Мексико (како и некои други латиноамерикански земји) во ноември, но таму ќе се пласира под името Ram 700…

Всушност Ram 700 се разликува од Fiat Strade само во префинетиот преден дел со нова маска и RAM-натпис, како и ознаки на RAM на задната врата на багажникот и на воланот.

Исто така, Ram 700 ќе им биде достапен на клиентите во верзии со единечна кабина и со двојна кабина, со три пакети опрема (SLT, , Big Horn и Laramie), како и со избор помеѓу 1,4 Fire Evo мотор со 85HP / 118Nm и 1,3 Firefly турбо мотор со 99HP и 128Nm .

Стандарден пет-степен мануелен менувач и погон на предните тркала се достапни на сите верзии, додека погонот 4×4 не е достапен.

Опремата вклучува и LED фарови, 7.0-инчен екран на информативно-забавниот систем со безжична врска Apple CarPlay и Android Auto, ограничувач на брзината, систем за следење на притисокот во гумите, задна камера …

Во оваа информација исто така се наведува и дека носивоста на овој модел е 750 кг, како и дека капацитетот на товарниот простор (во зависност од верзијата) се движи од 691 до 1143 литри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет децении на брендот Range Rover

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Hyundai i20 N и официјално

Уште еден автомобил на струја од Кина – NIO EE7

Се планира најмоќниот перформанс SUV на Баварците

Продолжен Bentley Bentayga LWB

Промовирани BMW X5 M и X6 M Competition First Edition

Од инсајдерски кругови протече цената на Dacia Spring Electric

Уловен новиот Porsche 911 GT3 RS