Разбојникот го исфрлил сопственикот од автомобилот но потоа не знаел да излезе од него !

Тука мора да потенцираме дека и сопственикот на Tesа Model 3 бил многу снаодлив …

Имено, 21-годишниот Чарли Смит (Charlie Smith) искрено се посрамотил во обидот да го украде Teslа Model 3.

Според локалната полициска станица од Барстоу (Barstow), провалникот Смит се обидел да го заплаши сопственикот во обид да го украде Teslа Model 3 и со закани го избркал од автомобилот.

Мислел дека поголемиот (најтешкиот) дел од работи е завршен и дека ќе успее да се одвезе со автомобилот, но се случи вистинско (непријатно) изненадување.

Откако излегол од автомобилот, сопственикот ја активирал апликацијата на својот мобилен телефон, кој прво го исклучил автомобилот, а потоа го заклучил.

Така, Смит останал затворен во пленот, и бидејќи претходно не го научил материјалот и не знаел како да го отклучи автомобилот однатре, тој останал заробен до пристигнувањето на полицијата.

Полицијата соопшти дека го пронашла провалникот целосно испотен, целиот во грч и брзо трепкајќи ( конвулзирајќи).

Разбојникот бил уапсен и обвинет за обид за кражба на возила, но и за злоупотреба на дроги (медикаменти).

Потсетуваме апликацијата на Tesla за мобилни телефони, помеѓу другото, ви овозможува да го отклучите и заклучите автомобилот и да го деактивирате моторот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС

Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

Ќе ја биде – нема да ја биде – Alpine ќе опстане како производител на електрични возила

Spiderman ќе вози Hyundai Sonata

Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа

Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !