Razer со Chroma и кај автомобилите

Производителот на гејмерска опрема го носи осветлувањето Chroma и во светот на автомобилската индустрија

производителот  на надградени лат топ машини за „гејмерите“ – Razer, го направи својот прв настап во автомобилската индустрија со пуштање на ограничено издание на силно брендиран електричен автомобил.

Во јануари, Razer објави дека работи на осветлување во автомобил за стартување на Leapmotor, но неговото новооткриено возило е резултат на партнерството со докажаниот производител на автомобили NIO.

Потполно електричниот SUV, NIO x Razer ES6 Night Explorer е достапен во Кина, иако изданието е ограничено на само 88 автомобили (бидејќи осум е среќен број за Кинезите).

Во наредните години, двете компании ќе работат заедно за да создадат автомобили кои се поинвентни и помалку изгледаат како глувчиња за игри. Сепак не толку екстравагантно, но тие сè уште ќе се карактеризираат осветлувањето Chroma на инструмент таблата.

Осветлувањето ќе се синхронизира со музиката од системот за забава и „интеграциите на игри, спојување  што може да е слично на Tesla Arcade, што нуди низа игри за да ги„окупира“ возачите додека електромобилот се полни.

Откако целосната автоматизација ќе стане реалност, односно кага ќе се достигне автономно возење од Ниво 5, возачите исто така ќе можат да седнат и да уживаат во игрите во движење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Chevrolet со нов систем што условува врзување на појас

Алијансата на производители на автомобили инвестира во AI Start-Up Recogni

Hyundai со електрмобил со соларно пoкрив за полнење батерии!

Новиот V8 Godzilla на Ford од 7,3 литри ветува голема сила на мали вртежи!

Hyundai со систем за монеторинг и сигнализација за состојбата на задната клупа

Новата Corsa е нај аеродинамичен – супер мини на пазарот

Driver Alert- Со електроника против сон зад управувачот

Hyundai со иновативна – хибридна трансмисија

Наскоро автомобилски делови од растенија што не се користат за исхрана!