Разубавена Opel Astra K, со ситни, но битни подобрувања

Освежена надворешност, фарови со LED диоди и напреден информативно забавен систем, збогатена со опрема, доволна за „одржување на позицијата“ на пазарот до 2021година, кога на сцена стапува новата генерација Astra L, близнак на претстојната нова генерација на Peugeot 308…

Во Руселсхајм (Rüsselsheim) забрзана работат на потполно новата Opel Astru L, што ќе се базира врз третата генерација на Peugeot 308, а како меѓупотег“, на сцена е воведен редизајн на актуелната Astrа K, што ја имаме возено во основната бензинска и дизел изведба набргу по нејзиното појавување.

Германскиот комапкт, традиционално, со Focus, е најсериозен ривал на Golf и затоа доби внимателни козметички зафати со умерено количество на Botox, што ќе му овозможи дополнителна продажба во последните две пазарни години.

Без никакви револуционерни промени Astra K со соодветен Face lift е подготвена да издржи до пристигнувањето на новата генерација – Astra L...

Така Astra K ги задржа досегашните технологии, но облагородена е со дизајнерски зафат во актуелниот пазарен тренд со LED светла во фаровите, а во топ изведбата има дури и Matrix светла

Подобрен е и информативно – забавниот систем а бензинските и дизел мотори  со распон на сила од 95 до 200 KS, се усогласени со нормата Euro 6d-Temp.

На сето тоа се надоврзуваат и поатрактивните алуминиумски фелни и збогатената опрема.

Сето тоа е доволно за меѓу фазата до пристигнувањето на Astrа L, со технологија  на PSA.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Honda концепт ја најавува електричната иднина во Кина на Шангај 2019

Најавен електричен хипер автомобил Lotus Type 130

Renault со нов дизајнерски центар во Шангај

Детектори што препознаваат дали користите мобилен додека возите!

VW размислува да земе поголем пакет акции од заедничката компанија со ЈАС

Geely лансира нов електричен бренд -Geometry со „убиец“ на Тesla Model 3!

Наскоро и официјално Polestar 2 а во производство вгодина!

Nissan X-Trail со нови и поефикасни мотори

Во Шангај Audi ќе се престави со  Audi AI: ME, Audi e-tron и Audi Q2L e-tron