RBW EV Roadster модерен MG B со погон на струја

Британскиот RBW EV го претстави пред продукцискиот прототип на електричниот Roadster што ќе се прави во ограничена серија од само 30 примероци.

Иако стилот на надворешноста на RBW EV Roadster е ист како кај класичниот модел MG B, возилото има нова платформа, електричен мотор сместен во задниот дел и литиум-јонски батерии (под предната хауба).

Покрај тоа, пакетот вклучува, меѓу другото, модерни сопирачки со систем за регенерација на силата на сопирањето во електрична, дигитална табла со инструменти, WiFi, навигација …

Во кусата информација уште стои и дека RBW EV Roadster има моќ од околу 100КС, како и дека забрзувањето од 0 до 60 милји на час (96 км / ч) изнесува  9,0 секунди.

Цената за RBW EV Roadster на британскиот пазар е дефинирана на 108 000 фунти, а следната година ќе пристигне и верзија GT што ќе има фиксиран тврд покрив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Dacia Duster Pick- up!

Скејборд голем колку лаптоп и на струја доаѓа од Јапонија

Најава за мистериозен Bugatti

Audi TT RS во чест на 40 гдини на Quattro погонот во само 40 примероци

Благороднички луксуз на песокот во Сахара

SSC Tuatara го урна рекордот на Bugatti

Aventure Peugeot – реставрација на иконата 205 GTi

Nissan Juke родоначалник на нов сегмент слави 10-ти роденден