Recall за електричниот Mercedes-Benz EQC

На вонреден сервис во Daimler повикува некои од новите електрични модели на Mercedes-Benz EQC поради можен неисправен навој во диференцијалот на предната оска, објавиле од Компанијата …

Вo Daimler AG утврдиле дека на поедини примероци на моделот EQC навојот во диференцијалниот пренос на предната оска може да не ги исполнува спецификациите за издржливост.

Значи постои опасност навојот да се скрши во рок на неговиот животен век, велат од Mercedes.

Дефектот може да го прекине преносот на моментот на вртење на предната оска,што може да го запре возилото.

Покрај тоа, ако делови од скршениот навој се заглават внатре во диференцијалот тоа би можело да влијае на способноста на управување со возилото, а така и да го зголеми ризикот од судир, информираа од Daimler.

Потсетуваме, Mercedes-Benz е нивниот прв електричен автомобил (станува збор за компактен crossover со ознака EQC 400 4MATIC) кој е дел од EQ семејството.

Инаку тоа е прв од палетата од 10 целосно електрични возила што  Mercedes треба да ги лансира на пазарот веќе до средината на идната деценија – 2025 година.

Познатата индустриска публикација во Германија – KFZ betrieb, која инаку прва ја објави оваа неатрактивна вест со елементите кои се причина за отповикот (вонредното повикување во овластените сервиси на Mercedes Benz ) во својот напис исто така најави и дека станува збор за околу 1.700 возила што ја имаат спомнатата мана!.

Иако станува збор за проблем што може сосема едноставно да се реши, од  Daimler, сепак одбиваат да ја коментираат бројката на потенцијално проблематичните електрични crossover модели.

Имено, тие ниту велат дека таа е пониска, ниту дека е поголема, едноставно за тој податок владее молк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зимата доаѓа! -Аутомакедонија во овозможува да бидете подготвени

Toyo Tires со „Зимска понуда“ во салоните на Еуроимпекс!

Во Србија наскоро ќе може да се вози и со 150 km/h

Во Лајпциг шочна производството на BMW Series 2 Gran Coupe

Акција на Volvo Cars Macedonia

Господарот на прстените со над девет електрифицирани модели во Кина

Аутомакедонија, нов увозник и дилер на Корејскиот бренд SSANG YONG за Македонија

Премиерата на Škoda Оctavia во живо – денес во 19 часот!

Во  Германија продолжува субвенционирањето на EV