Редок класичен Chevrolet Corvette

Prestige Imports е познат како најголемиот дилер на Lamborghini во Северна Америка, но како што се испостави, продавачот во Мајами, во својот инвентар, има многу интересни модели кои не се дело на марката Lamborghini…

Оваа Chevrolet Corvette од 1964 година е една од нив. Претставништвото на компанијата даде ограничени детали за овој модел на Corvette, но очигледно е дека претходниот сопственик на автомобилот сакал да направи „Vette“ кој не личел на ниту еден друг.

Тие го направија токму тоа, а уникатниот изглед на автомобилот се рефлектира во неговата барана цена од 399.950 долари.

Уникатнaтa каросерија на автомобилот веднаш се издвојува – според сите сметки, моделот не само што доби нов body-kit, туку и секој надворешен панел е сосема нов.

Промените започнуваат од предниот дел со уникатен браник, маска во согласност со боите и целосен недостаток на фарови

.

Производителот на овој модел го опреми и со уникатна хауба.

Како и да е идниот сопственик на ова ексклузивна и единствена изведба на muscle автомобилот ќе ужива во моќта и динамичноста а при тоа ќе знае и дека има добра инвестиција.

Имено вредноста на овој автомобил со текот на времето може само да се зголемува.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отповик на Chiron Pur Sport поради проблеми со гумите

Niutron NV

Porsche прв ЕV што совладал висинска разлика од 4.842.967 метри

Noble M500

Hennessey  Venom F5. со ергеле моќно 1.817 КС

Bugatti го претстави својот ромобил Bytech

Жената Астронаут од проектот SpaceX место Tesle избра друг EV

Tesla Model S поминал 1,5 милиони километри!

Pagani C10